Омникум

Ефектите од конзумирање CBD
Новата ера на технолошкиот развој придонесе за лесна достапност на информациите што често може да не доведе до погрешни заклучоци. Сите сме свесни за влијанието на природата врз луѓето и важноста за пронаоѓање начин за нејзино се поголемо учество во секојдневниот живот.

Полезни ефекти од употребата на растителните напивки (чаеви), се добро познати и завзеле култно место во секојдневниот живот на човекот уште од исконски времиња.

Се почесто се случува да се бараат органски или природни производи, кои се дар од природата.

Со стремежот да живееме здраво и развиената свест кај луѓето за долгорочните бенефити од употребата на природни растителни продукти, се зголемува популарноста на овие производи.

Во поново време современата фармација постојано открива и докажува позитивни влијанија на екстрактите од растенијата врз човечкиот организам и тоа го имплементира во крајните продукти што ги пласира на пазарот.

Како што веќе знаеме голем дел од растенијата биле употребувани за лекување уште од праисториски времиња, но со брзиот технолошки развој во последните векови биле сменети и внесени нови хемиски замени.

Како и за сите предходни откритија, кои научниците ги доживуваат како “еурека момент” во нивните крајни сознанија од истражувањата, така се пласираат најнови информации и за екстрактот од коноп, а реално неговата употреба била присутна уште од праисториско време.

Постојат податоци дека Египќаните уште пред 3000-4000 години имале плантажи за одгледување на коноп, а познатиот духовен учител Зороастер, од Персија, пред 2700 години го има опишано во својата тајна книга, каде има пишувано за 10000 растенија, меѓу кои значајно место завзема и конопот. Хипократ, таткото на медицината исто така ја препорачува употребата на екстрактите од коноп за лекување на одредени заболувања. Подоцна, лекарот на кралицата Викторија, еден од водечките доктори во таа ера, Расел Рејнолдс, и препишувал медицински канабис за менструални тегоби на кралицата, за што CBD сеуште фантастично делува.

На пример одредени продукти од пластика може да се направат и од коноп, за што постоела и неговата експлоатација во одредени историски периоди. Но, како што предходно споменавме развојот на модерните времиња, ги заменува природните материјали со вештачки, како поисплатливи и леснодостапни.

Така постои период кој што би го нарекле мртов период за примената на екстрактите од коноп во медицински цели, особено заради тоа што во овој период се забранува одгледување на ова растение. Во поголем дел од објаснувањата не е разграничено дали екстрактите имаат психотропно и халуциногено дејство, па се отргнува можноста за неговата примена. Најголема примена наоѓа како можност за подготовка на средства, наменти за уживање, а при тоа со закон забранети.

Но, во последно време се става акцент на бенефитите од екстрактите од коноп. Почнуваат да се разбиваат табуата за конопот и се повеќе истражувања укажуваат на фактот дека постојат изолирани негови екстракти кои наоѓаат примена во медицински цели. Tаков екстракт е CBD. Екстракција или издвојувањето на маслото може се изведе со користење на повеќе растворувачи кои ќе обезбедат добивање на неконтаминирано и 100% чисто масло.

Еден од методите за добивање на маслото е со Јаглероден Диоксид под притисок и на ниска температура. На овој начин се изолираат и заштитуваат канабиноидите од дополнителни оштетувања. Единствена негативна страна на овој тип на екстракција е што е бавна и скапа процедура. Ова е екстракт кој што е изолиран од цветот, листовите и семето на растението коноп. При тоа се добива чист CBD екстракт, односно содржи незначителна количина примеси од THC, кој што е и главната причина за лошиот глас на целото растение. THC екстрактот е задолжен за психотропниот ефект и заради тоа е забранет. THC има психоактивно дејство и доколку неговата концентрација е над 0,3 се смета за недозволено.

Исто така доста битно е самото растение да е одгледувано во органски услови. Зошто е тоа така? Тоа е важно заради тоа што при екстракција може да се контаминира маслото со токсини, како на пример тешки метали кои се наоѓаат во самото растение, а се присутни како резултат на загадување на почвата.

CBD (канабидиол) е фитоканабиноид кој што е доста застапен во индустрискиот канабис. CBD е еден од 100те различни видови на канабиноиди, кои се содржани во конопот. Се карактеризира со многу позитивни влијанија врз здравјето на човекот, нешто што и понатаму многу се истражува во медицински цели. Од медицинска гледна точка CBD е најпотенцијален масовно употребуван канабиноид во медицинската пракса.

Но, сеуште се поставуваат прашања дали CBD е безбеден за употреба и дали предизвикува зависност? Најбитно е да се знае дека CBD е канабиноид кој што не предизвикува било каква зависност, како и тоа дека е потполно безбеден за употреба, односно не постојат докази дека предизвикува зависност, бидејќи не се врзува за ниеден од рецепторите во мозокот кој што предизвикуваат зависност.

Од друга страна смртноста од предозирање со лекови и други отрови постојано расте. Така смртноста од опиоидните аналгетици и нестероидни антиинфламаторни лекови, кои најчесто се администрираат за третирање на болка од ден на ден се зголемува на глобално ниво и зафаќа сериозна бројка.

Освен за оваа намена CBD наоѓа примена и за голем број на состојби во организмот, па во поново време конопот се смета за билка со најголем бенефит за човековото тело. Постојат и веќе научни докази кои го потврдуваат позитивниот ефект на CBD во дадените заболувања. Пред се и најпознато е дека има антитуморно дејство, кое се должи на неговата активност врз клетките познати како неуробласти (NBL).

Еден од побитните ефекти на канабидиолот во ендокриниот систем е да го заштитува од вишокот на стрес, преку намалување на подложноста на стрес-индуцирана активација во оската на хипоталамус-хипофиза-надбубрежна жлезда. CBD значително го намалува кортизолот (хормон) во крвната плазма. Кортизолот е хормон кој се ослободува при стрес, а влијае на зголемување на нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок. CBD го намалува инсулинот и може да се употребува и кај лица со дијабетес. Додека THC го зголемува нивото на глукагон и шеќерот во крвта, CBD го намалува нивото на инсулин и овој феномен ја објаснува појавата како оние луѓе кои употребуваат марихуана внесуваат повеќе калории, а не се дебелеат. Тие се слаби, а кај оние кои имаат тип II дијабетес полесно може да го контролираат шеќерот во крвта. Да заклучиме, активноста на CBD во ендокриниот систем се забележува преку намалување на хормонот кортизол и полесно регулирање на нивоата на шеќер во крвта.

Исто така најдена е примена на CBD како нетоксичен канабиноид во состојби на епилепсија, каде што е забележано намалување на бројот на нападите, вообичаени за ова заболување. Низ истражувањата постојат информации дека има способност да ги регулира состојбите на гадење и повраќање.

Се карактеризира со јака антиинфламаторна, антиоксидативна и имуномодулаторна активност. Еден од механизмите на контрола на инфламацијата е намалување на цитокинската продукција од имуните клетки (Т помошни клетки, TH1 и TH2). Исто така во присуство на CBD доаѓа и до намалување на интерлеукин 6 (ITL6). Неговата антиинфламаторна активност се покажала кај пациенти со чувствителни црева или попознати како нервозни црева, запек, знаци на  воспаление на цревата, итн. Интересен е и фактот дека употребата на CBD е нагласена кај професионалните спортисти за намалување на воспаление на нивните зглобови. Од MMA борачи до NBA кошаркари, употребата на канабис е широко распространета, за намалување на воспаление на зглобовите и болките што се јавуваат, при тоа овозможувајќи им да се релаксираат и полесно да заспијат во текот на ноќта.

Понатаму има невропротективно дејство, го подобрува спиењето, односно сонот, а дел од научните студии укажуваат и на фактот дека ја намалува инфламација во мозокот кај Алцхајмерова болест.

Исто така намалува анксиозност и благопријатно делува на пост-трауматски стрес. Преку блокирање на 5-HT1A рецепторот се намалуваат паничните напади кои се јавуваат како симптом при состојби на анксиозност. Мали дози на CBD доведуваат до смиреност, опуштеност и полесен фокус на се што работите. Уште поистакната е ваквата активност доколку се искомбинира со мелатонин, магнезиум или балзам од лимон.

Исто така бил испитуван и покажува ублажување на симптомите кај шизофренија.

Кај хепатитис го намалува воспалението, го намалува ризикот од оштетување на бубрезите и црниот дроб заради намалено крвоснабдување, а влијае и врз пролиферацијата на кожните клетки, па поради тоа се употребува и за кожни заболувања (пр. егземи).

Со својот антиоксидативен ефект превенира од појава на последици кај сепса. Учествува во намалување на тежина кај пациенти со прекумерна дебелина. Антиинфламаторната активност наоѓа примена и во состојбите на астма и алергии. И ова се само дел од веќе проучените ефекти на CBD врз организмот на човекот.

CBD во форма на капсули кои содржат чисто CBD масло и се наменети за перорална употреба. Маслото се добива со 100% чиста екстракција на СО2 што го остава таканаречено масло „со целосен спектар“, вклучувајќи CBD, други канабиноиди, терпени, флавоноиди, фенолни амино киселини и други природни соединенија. Можат енормно да придонесат за правилно функционирање на телото, а со самото тоа да допринесат за директен позитивен ефект врз нашето здравје. Капсулите содржат незначителни остатоци од THC, така што овозможува максимална заштита од било какво психотропно дејство.

Се произведуваат користејќи суровини од растенија кои се многу внимателно одгледувани. Многу се лесни за употреба, односно се избегнува несаканиот горчлив вкус, кој е карактеристичен за класичното масло CBD, а при тоа се внесува точна доза на CBD. Со оглед на тоа дека нашето тело е изградено 60% од вода, потребно е да се внесуваат форми на CBD во вода растворливи, за да се избегне евентуалното недејствување. Што значи дека најголемиот дел на маслата од CBD немаат добра биорасположливост во организмот. Капсулите се мали и лесно апликабилни. За подобра апсорпција на CBD пожелно е да го комбинирате со куркума зачин.

Здравјето заслужува повеќе внимание!

The post Ефектите од конзумирање CBD appeared first on Омникум.

Придобивките од внесувањето на Витамин C
Во ерата на 21 век животот на обичниот човек изгледа дека станува се полесен и покомотен за живеење. Во секојдневниот живот секој од нас ужива во придобивките на техничко технолошкиот развој кој го нуди науката.

Секојдневно за превоз користиме автомобил или електричен тротинет, во домот модерните апарати не одменуваат во извршувањето на домашните обврски, индустријата и брзиот начин на живот со својот напредок ни овозможува да се храниме во ресторани за брза храна или со конзервирани готови или полуготови производи кои треба само да ги стоплиме во микробранова печка, или да ги испечеме во рерна или тавче, со што не губиме време во приготвување.

Времето може да го потрошиме во други активности во професијата или во дружење со пријателите. Го живееме животот комотно, задоволни на прв поглед, без да размислиме дали живееме здраво.

Но, недостатокот на физичка активност, неправилната исхрана, стресот, секако и актуелната состојба со светската пандемија на COVID 19 (корона) и тоа како ни го загрозува здравјето.

Во една таква општа состојба, едни од најважните елементи од храната се витамините.

Особено витаминот С, кој е значително присутен во свежата храна.

Но како што погоре напоменавме, заради неправилната исхрана витамин C во нашиот организам го внесуваме многу малку. Постојат докази и дека витаминот C е термолабилен (на повисока температура ја губи својата активност), па секоја подготовка на храна на повисока температура или загревање во микробранова печка резултира со намалување на неговата концентрација. Затоа е потребно да се внесува свежо овошје и зеленчук. Но, за да се задоволат дневните потреби на организмот од витамин C потребно е да се внесуваат многу килограми свежа храна, што практично е невозможно.

Треба да напоменеме дека витамин С не се создава во нашето тело и можеме да го внесеме исклучиво преку храна или како чист витамин.

Но, зошто е потребен витамин С во нашето тело?

Постојат бројни студии кои ја докажуваат значајната улога на витамин C во човечкото тело, како и крајните ефекти од недоволен дневен внес на овој витамин.

Болеста Скорбут се развива исклучиво како последица на недостаток на овој витамин. По ова заболување витаминот C во минатото и станува популарен.

Самиот витамин е силен антиоксиданс и дејствува во метаболитичките процеси на организмот уништувајќи ги слободните радикали. Слободните радикали настануваат во процес на метаболитичките процеси (пр. при варање на храната, подолга експозиција на чад од цигари и сл.) како нус продукт. Слободните радикали се штетни заради тоа што тие имаат способност преку својата исклучителна реактивност да ги уништуваат здравите клетки во ткивата на телото. Затоа антиоксидансите се многу значајни за нашиот организам. Витамин C се смета за еден од најмоќните антиоксиданси, па на тој начин влијае на општото здравје. Постојаните оксидативни активности на слободните радикали на подолг рок доведуваат до хронични состојби како дијабет, кардиоваскуларни заболувања, канцер. Изложеноста на организмот на нивното дејство го забрзува и процесот на стареење.

Го подобрува и зголемува имунитетот и на тој начин помага при настинки и вирусни, но и бактериски инфекции. Го намалува чувството на замор. Преку неговото антиинфламаторно дејство учествува во одржување на здравјето на мозокот, очите, кожата (учествува во синтезата на колагенот), а исто така ја намалува активноста на лошиот холестерол-LDL.

Овој витамин се препорачува и кај хронични болни со срцеви тегоби, дијабетичари, пациенти со покачен крвен притисок, ревматски тегоби и многу други заболувања и состојби. Подеднакво е важен во исхраната и кај старата, но и кај младата популација. Особено се препорачува негово користење кај лицата пушачи или конзументи на стимуланси и одредени супстанци. Пушачите имаат хроничен недостаток од витамин C затоа што тој се троши за неутрализирање на отровните тешки метали од чадот на цигарите.

Особено е истакната неговата улога при апсорпција на железо.

Витамин C е значаен за јаки коски и силни заби, со што уште еднаш се напоменува неговото влијание во човековото тело.

Препорачаните дози на внесување витамин C на дневна основа се различни, но неспорно е дека низ модерниот начин на живот и осирмашената исхрана, внесот на витамин С е недоволен.

Ова е изразено во зимскиот период и во период на сезонски настинки, но и во актуелниот период на светска пандемија со Covid 19 (Sars Cov ).

Евидентирано е дека потребата на бремените жени за витамин C се зголемува за 50%, додека кај дијабетичарите за 30%.

Дозите од 500-1000 милиграми дневно се општо прифатени и треба да се напомене дека за разлика од некои други витамини кај витаминот C заради прекумерно внесување мала е веројатноста да настане состојба на хипервитаминоза, т.е. организмот вишокот на витамин C го елиминира од телото преку урината.

Денес, дополнителното внесување на витамин C во облик на таблети е вообичаена пракса на секој поединец со современ, динамичен и активен стил на живот. Витаминот C во облик на таблети во модерниот живот станува се популарен додаток и е со цел одржување на здравјето во оптимални граници.

Екстракт од шипка во себе содржи природен витамин C, B1, B2, B12, К, PP, А, пектини, танини, флавоноидни гликозиди. Покажува и антиоксидативно дејство. Многу научни истражувања укажуваат на тоа дека плодот од шипка припаѓа во групата на лековити овошја на светот. Флавоноидите од шипка ја потенцираат апсорпцијата за витаминот C, со што дополнително се зголемува бенефитот од овој витамин.

Комбинацијата на витамин C со екстракт од шипка го поттикнува имуниот систем и го поддржува здравјето на Вашето тело во услови на зголемен стрес и модерен начин на живот и исхрана.

Здравјето заслужува повеќе!

The post Придобивките од внесувањето на Витамин C appeared first on Омникум.

Магнезиум – Елементот кој учествува во повеќе од 300 ензимски реакции во телото
Живееме во стресно време во кое што ни е потребно доволно внимание за да го одржиме балансот на нашето тело давајќи му ги потребните витамини и минерали за правилно и нормално одвивање на  биохемиските процеси во телото.

Најдобар начин да останеме здрави е преку внес на квалитетна органска храна богата со витамини и минерали, редовни спортски активности, прошетка во природа, итн…

Меѓутоа и покрај тоа, дури 50% од луѓето имаат недостаток од одредени витамини и минерали.

Еден од нив е магнезиумот. Тој е исклучително важен елемент,   претставува четврти најзастапен хемиски елемент во нашето тело одговорен за извршување на стотици биохемиски реакции.

Бројни истражувања покажуваат дека недостатокот на магнезиум во човечкиот организам достигнува епидемиски размери. Зошто е тоа така?

Главна причина што нашите тела имаат недостаток од магнезиум е стресот. Стресот не е само таканаречена нервоза, туку самиот тој се создава и со интензивно вежбање, внес на преработена храна, изложување на зрачење од PC екраните (што влијае на хипоталамусната жлезда во ослободување на хормони) и емоционален стрес. Стресот исто така ги оштетува и воспалува цревата, а тоа е местото каде што магнезиумот се апсорбира во Вашето тело.

Симптомите на недостаток на магнезиум е тешко да се прецизираат бидејќи можат да се појават на кој било дел од Вашето тело. Првичните благи симптоми може да варираат од проблеми со концентрацијата, вртоглавица и прекумерна менструална болка до замор, главоболки, грчеви на лицето и неправилна работа на срцето. Вообичаени симптоми исто така вклучуваат запек, желба за храна, губење на апетит, грчеви во мускулите, раздразливост и вознемиреност.

Нашиот организам самостојно не може да го произведува магнезиумот и поради тоа е потребен доволен внес од овој елемент во нашето тело. Најдобар начин да го обезбедиме нашето тело со магнезиум е преку храна. Најзастапен е во:

темно чоколадо

авокадо

јаткасти плодови

темнозелен лиснат зеленчук

риба

суво овошје

Постојат и студии кои покажуваат дека и покрај внесот преку храната, организмот останува дефицитарен за овој важен минерал.

Ако нашето тело е веќе во дефицитарна состојба, ретко е можно постигнување на потребната дневна доза само од оброците. Внесот во вид на додаток во исхраната е единствениот начин за надополнување на Вашиот недостаток. Недоволниот внес на магнезиум во исхраната е поврзан со голем број здравствени состојби.

Во продолжение Ви го претставуваме Omnikum Magnesium, кој во својот состав освен Магнезиум содржи и Витамин B6 и L-триптофан, што од друга страна го прави поразличен.

Вашиот нов сојузник во борбата за зајакнување и зачувување на имунитетот и одржување на стабилен баланс во организамот. Имајќи во предвид во кои биохемиски процеси учествува магнезиумот, Omnikum Magnesium е Ваш прв избор за додаток во исхраната кој ќе ви помогне за:

да ја задржите потребната енергија во текот на целиот ден,

да ја регулирате работата на мозокот и целокупниот нервен систем,

да ги опуштите мускулите по напорен работен ден или тренинг,

ќе ви помогне Вашиот организам да создаде нови протеини,

да го одржите срцевиот ритам правилен,

да ги одржите Вашите коски, нокти и заби здрави,

да го одржите крвниот притисок во нормала,

да го одржите хормоналниот баланс,

да ја подобрите концентрацијата и меморијата,

да го подобрите расположението,

да имате посреќни моменти во текот на денот.

Во својот состав, како што погоре напоменавме, Omnikum Magnesium го содржи и витаминот B6 и аминокиселината L-триптофан. Витамин B6 придонесува за нормално функционирање на нервниот и имуниот систем, како и за нормална физиолошка функција. Учествува во процесот на синтеза на цистеини и придонесува за нормален метаболизам на протеини и гликоген. Исто така витаминот B6 има улога во формирање на црвени крвни клетки или познати како еритроцити.

L-триптофан е аминокиселина за која треба да се напомене дека е есенцијална, односно не се произведува во организмот. Затоа како таква мора да се внесе преку храната или нејзините додатоци. L -триптофан е природен прекурсор на серотонин, уште попознат како “хормон на среќата”. Серотонинот е одговорен за добро расположение и добри когнитивни функции на мозокот. Недостатокот од серотонин се манифестира како: лошо расположение, зголемена анксиозност, умор, депресија и сл.

Специфичната комбинација на активни компоненти во составот на Omnikum Magnesium го издвојува од останатата конкуренција како посебен. Овие составни компоненти покажуваат позитивен ефект врз функционирањето на Вашето тело.

За мускули, мозок и меморија препорачуваме да пробате Omnikum Magnesium.

Здравјето заслужува повеќе!

Побарaјте го само во PlusPharma аптеките!

The post Магнезиум – Елементот кој учествува во повеќе од 300 ензимски реакции во телото appeared first on Омникум.