Новата ера на технолошкиот развој придонесе за лесна достапност на информациите што често може да не доведе до погрешни заклучоци. Сите сме свесни за влијанието на природата врз луѓето и важноста за пронаоѓање начин за нејзино се поголемо учество во секојдневниот живот.
Полезни ефекти од употребата на растителните напивки (чаеви), се добро познати и завзеле култно место во секојдневниот живот на човекот уште од исконски времиња.
Се почесто се случува да се бараат органски или природни производи, кои се дар од природата.
Со стремежот да живееме здраво и развиената свест кај луѓето за долгорочните бенефити од употребата на природни растителни продукти, се зголемува популарноста на овие производи.
Во поново време современата фармација постојано открива и докажува позитивни влијанија на екстрактите од растенијата врз човечкиот организам и тоа го имплементира во крајните продукти што ги пласира на пазарот.
Како што веќе знаеме голем дел од растенијата биле употребувани за лекување уште од праисториски времиња, но со брзиот технолошки развој во последните векови биле сменети и внесени нови хемиски замени.
Како и за сите предходни откритија, кои научниците ги доживуваат како “еурека момент” во нивните крајни сознанија од истражувањата, така се пласираат најнови информации и за екстрактот од коноп, а реално неговата употреба била присутна уште од праисториско време.
Постојат податоци дека Египќаните уште пред 3000-4000 години имале плантажи за одгледување на коноп, а познатиот духовен учител Зороастер, од Персија, пред 2700 години го има опишано во својата тајна книга, каде има пишувано за 10000 растенија, меѓу кои значајно место завзема и конопот. Хипократ, таткото на медицината исто така ја препорачува употребата на екстрактите од коноп за лекување на одредени заболувања. Подоцна, лекарот на кралицата Викторија, еден од водечките доктори во таа ера, Расел Рејнолдс, и препишувал медицински канабис за менструални тегоби на кралицата, за што CBD сеуште фантастично делува.
На пример одредени продукти од пластика може да се направат и од коноп, за што постоела и неговата експлоатација во одредени историски периоди. Но, како што предходно споменавме развојот на модерните времиња, ги заменува природните материјали со вештачки, како поисплатливи и леснодостапни.
Така постои период кој што би го нарекле мртов период за примената на екстрактите од коноп во медицински цели, особено заради тоа што во овој период се забранува одгледување на ова растение. Во поголем дел од објаснувањата не е разграничено дали екстрактите имаат психотропно и халуциногено дејство, па се отргнува можноста за неговата примена. Најголема примена наоѓа како можност за подготовка на средства, наменти за уживање, а при тоа со закон забранети.
Но, во последно време се става акцент на бенефитите од екстрактите од коноп. Почнуваат да се разбиваат табуата за конопот и се повеќе истражувања укажуваат на фактот дека постојат изолирани негови екстракти кои наоѓаат примена во медицински цели. Tаков екстракт е CBD. Екстракција или издвојувањето на маслото може се изведе со користење на повеќе растворувачи кои ќе обезбедат добивање на неконтаминирано и 100% чисто масло.
Еден од методите за добивање на маслото е со Јаглероден Диоксид под притисок и на ниска температура. На овој начин се изолираат и заштитуваат канабиноидите од дополнителни оштетувања. Единствена негативна страна на овој тип на екстракција е што е бавна и скапа процедура. Ова е екстракт кој што е изолиран од цветот, листовите и семето на растението коноп. При тоа се добива чист CBD екстракт, односно содржи незначителна количина примеси од THC, кој што е и главната причина за лошиот глас на целото растение. THC екстрактот е задолжен за психотропниот ефект и заради тоа е забранет. THC има психоактивно дејство и доколку неговата концентрација е над 0,3 се смета за недозволено.
Исто така доста битно е самото растение да е одгледувано во органски услови. Зошто е тоа така? Тоа е важно заради тоа што при екстракција може да се контаминира маслото со токсини, како на пример тешки метали кои се наоѓаат во самото растение, а се присутни како резултат на загадување на почвата.
CBD (канабидиол) е фитоканабиноид кој што е доста застапен во индустрискиот канабис. CBD е еден од 100те различни видови на канабиноиди, кои се содржани во конопот. Се карактеризира со многу позитивни влијанија врз здравјето на човекот, нешто што и понатаму многу се истражува во медицински цели. Од медицинска гледна точка CBD е најпотенцијален масовно употребуван канабиноид во медицинската пракса.
Но, сеуште се поставуваат прашања дали CBD е безбеден за употреба и дали предизвикува зависност? Најбитно е да се знае дека CBD е канабиноид кој што не предизвикува било каква зависност, како и тоа дека е потполно безбеден за употреба, односно не постојат докази дека предизвикува зависност, бидејќи не се врзува за ниеден од рецепторите во мозокот кој што предизвикуваат зависност.
Од друга страна смртноста од предозирање со лекови и други отрови постојано расте. Така смртноста од опиоидните аналгетици и нестероидни антиинфламаторни лекови, кои најчесто се администрираат за третирање на болка од ден на ден се зголемува на глобално ниво и зафаќа сериозна бројка.
Освен за оваа намена CBD наоѓа примена и за голем број на состојби во организмот, па во поново време конопот се смета за билка со најголем бенефит за човековото тело. Постојат и веќе научни докази кои го потврдуваат позитивниот ефект на CBD во дадените заболувања. Пред се и најпознато е дека има антитуморно дејство, кое се должи на неговата активност врз клетките познати како неуробласти (NBL).
Еден од побитните ефекти на канабидиолот во ендокриниот систем е да го заштитува од вишокот на стрес, преку намалување на подложноста на стрес-индуцирана активација во оската на хипоталамус-хипофиза-надбубрежна жлезда. CBD значително го намалува кортизолот (хормон) во крвната плазма. Кортизолот е хормон кој се ослободува при стрес, а влијае на зголемување на нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок. CBD го намалува инсулинот и може да се употребува и кај лица со дијабетес. Додека THC го зголемува нивото на глукагон и шеќерот во крвта, CBD го намалува нивото на инсулин и овој феномен ја објаснува појавата како оние луѓе кои употребуваат марихуана внесуваат повеќе калории, а не се дебелеат. Тие се слаби, а кај оние кои имаат тип II дијабетес полесно може да го контролираат шеќерот во крвта. Да заклучиме, активноста на CBD во ендокриниот систем се забележува преку намалување на хормонот кортизол и полесно регулирање на нивоата на шеќер во крвта.
Исто така најдена е примена на CBD како нетоксичен канабиноид во состојби на епилепсија, каде што е забележано намалување на бројот на нападите, вообичаени за ова заболување. Низ истражувањата постојат информации дека има способност да ги регулира состојбите на гадење и повраќање.
Се карактеризира со јака антиинфламаторна, антиоксидативна и имуномодулаторна активност. Еден од механизмите на контрола на инфламацијата е намалување на цитокинската продукција од имуните клетки (Т помошни клетки, TH1 и TH2). Исто така во присуство на CBD доаѓа и до намалување на интерлеукин 6 (ITL6). Неговата антиинфламаторна активност се покажала кај пациенти со чувствителни црева или попознати како нервозни црева, запек, знаци на воспаление на цревата, итн. Интересен е и фактот дека употребата на CBD е нагласена кај професионалните спортисти за намалување на воспаление на нивните зглобови. Од MMA борачи до NBA кошаркари, употребата на канабис е широко распространета, за намалување на воспаление на зглобовите и болките што се јавуваат, при тоа овозможувајќи им да се релаксираат и полесно да заспијат во текот на ноќта.
Понатаму има невропротективно дејство, го подобрува спиењето, односно сонот, а дел од научните студии укажуваат и на фактот дека ја намалува инфламација во мозокот кај Алцхајмерова болест.
Исто така намалува анксиозност и благопријатно делува на пост-трауматски стрес. Преку блокирање на 5-HT1A рецепторот се намалуваат паничните напади кои се јавуваат како симптом при состојби на анксиозност. Мали дози на CBD доведуваат до смиреност, опуштеност и полесен фокус на се што работите. Уште поистакната е ваквата активност доколку се искомбинира со мелатонин, магнезиум или балзам од лимон.
Исто така бил испитуван и покажува ублажување на симптомите кај шизофренија.
Кај хепатитис го намалува воспалението, го намалува ризикот од оштетување на бубрезите и црниот дроб заради намалено крвоснабдување, а влијае и врз пролиферацијата на кожните клетки, па поради тоа се употребува и за кожни заболувања (пр. егземи).
Со својот антиоксидативен ефект превенира од појава на последици кај сепса. Учествува во намалување на тежина кај пациенти со прекумерна дебелина. Антиинфламаторната активност наоѓа примена и во состојбите на астма и алергии. И ова се само дел од веќе проучените ефекти на CBD врз организмот на човекот.
CBD во форма на капсули кои содржат чисто CBD масло и се наменети за перорална употреба. Маслото се добива со 100% чиста екстракција на СО2 што го остава таканаречено масло „со целосен спектар“, вклучувајќи CBD, други канабиноиди, терпени, флавоноиди, фенолни амино киселини и други природни соединенија. Можат енормно да придонесат за правилно функционирање на телото, а со самото тоа да допринесат за директен позитивен ефект врз нашето здравје. Капсулите содржат незначителни остатоци од THC, така што овозможува максимална заштита од било какво психотропно дејство.
Се произведуваат користејќи суровини од растенија кои се многу внимателно одгледувани. Многу се лесни за употреба, односно се избегнува несаканиот горчлив вкус, кој е карактеристичен за класичното масло CBD, а при тоа се внесува точна доза на CBD. Со оглед на тоа дека нашето тело е изградено 60% од вода, потребно е да се внесуваат форми на CBD во вода растворливи, за да се избегне евентуалното недејствување. Што значи дека најголемиот дел на маслата од CBD немаат добра биорасположливост во организмот. Капсулите се мали и лесно апликабилни. За подобра апсорпција на CBD пожелно е да го комбинирате со куркума зачин.
Здравјето заслужува повеќе внимание!