ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Нашата визија за заштита на личните податоци

Ви благодариме што покажавте интерес за веб страницата https://www.omnikum.mk/ на Друштвото за промет МАКЕДОНИЈАЛЕК ДОО Скопје (во натамошниот текст: МАКЕДОНИЈАЛЕК).

МАКЕДОНИЈАЛЕК како контролор на лични податоци посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, заради што целосно ја заслужуваме Вашата доверба.

Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа Политика за приватност.

Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сте заинтересирани да добивате известување за новостите и најновите промоции на наши производи или сакате да не контактирате, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Личните податоци на корисниците на нашата веб страница се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Со оваа Политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

МАКЕДОНИЈАЛЕК, како контролор на лични податоци, применува технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница. Сепак, имајте предвид дека не може да се гарантира апсолутна заштита кога се доставуваат лични податоци преку Интернет.

Нашата политика за приватност се заснова на термините што ги користи Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП). Таа треба да биде разбирлива за нашите посетители и корисници. За да бидеме сигурни дека навистина е така, прво ќе ги објасниме поимите што ги користиме.

Во оваа Политика за приватност, меѓу другото, ги користиме следниве поими:

1.1 Лични податоци

Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

1.2 Субјект на личните податоци

Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

1.3 Обработка на личните податоци

Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

1.4 Ограничување на обработката на податоците

Ограничување за обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.

1.5 Профилирање

Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.

1.6 Псевдонимизација

Псевдонимизација е обработка на личните податоци на таков начин што личните податоци не можат повеќе да се поврзат со одреден субјект без да се користат дополнителни информации, под услов таквите дополнителни информации да се чуваат одделно и да подлежат на технички и организациски мерки со кои ќе се обезбеди дека личните податоци не се поврзани со идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува.

1.7 Контролор

Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

1.8 Обработувач

Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

1.9 Корисник

Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.

1.10 Трето лице

Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.

1.11 Согласност

Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.

Друштво за промет МАКЕДОНИЈАЛЕК ДОО Скопје (МАКЕДОНИЈАЛЕК)

ул. Боца Иванова бр.1

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Телефон:+ 389 (2) 261 49 49

Е-маил адреса: maklek@makedonijalek.com.mk

Веб страница: https://makedonijalek.com.mk

Елена Станојоска

Контакт телефон: +389 (2) 260 38 66

Е-маил адреса: ozlp@makedonijalek.com.mk

Секој посетител или корисник на оваа веб страница, може директно да контактира со нашиот офицер за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.

4.1 Законит, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци

Вашите лични податоци на веб страницата ги собираме и обработуваме врз основа на Ваша согласност.

4.2 Ограничување на целта на обработката на личните податоци

Вашите лични податоци на веб страницата ги собираме и обработуваме со цел да бидете во тек со новостите и најновите промоции на наши производи, како и со цел да одговориме на Вашите пораки. Вашите лични податоци не се предмет на натамошна обработка за цели различни од првично дефинираните.

4.3 Ограничување на обемот на личните податоци

Обработката на вашите лични податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполнат целите на обработката. Обемот на личните податоци е соодветен на она што е потребно за исполнување на целите, определени во точка 5 од оваа Политика за приватност. Доколку се појави потреба за дополнителна обработка на Вашите лични податоци, ќе Ве информираме и ќе побараме Ваша согласност за таа дополнителна обработка.

4.4 Точност на личните податоци

Спроведуваме разумни мерки за потврдување на точноста, за исправка и/или бришење на неточните лични податоци кои ги обработуваме. Покрај овие мерки, Ви овозможуваме да го остварите Вашето право да побарате исправка, дополнување или бришење на личните податоци на лесен и едноставен начин.

4.5 Ограничување на роковите на обработка на личните податоци

Водиме грижа, Вашите лични податоци да се чуваат во роковите предвидени во точка 13 од оваа Политика за приватност. По изминувањето на роковите или по исполнување на целта за обработката, Вашите лични податоци се бришат.

4.6 Интегритет и доверливост на личните податоци

Преземаме соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку оваа веб страница од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.

Нашата веб страница собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци (корисниците).

5.1 Правна основа

Правна основа за обработка на Вашите лични податоци на нашата веб страница преку формите: Е-mail новостии „Контактирај нее Вашата согласност.

5.2 Цели

Преку формата „Е-mail новости“ ги обработуваме Вашите лични податоци со цел да бидете во тек со новостите и најновите промоции на наши производи, а преку формата „Контактирај не“ ги обработуваме Вашите лични податоци со цел да одговориме на Вашите пораки.

6.1. Форма „E-mail новости

Доколку сакате да се пријавите за да добивате известувања за новостите и најновите промоции на нашите производи, како што е утврдено во точка 5 од оваа Политика, потребно е да го внесете Вашиот личен податок:

  • податок за контакт (електронска адреса)

    Вашата електронска адреса се собира и чува за да добивате известувања за најновите промоции на нашите производи.

    Веднаш под формата за добивање на известување за најновите промоции на нашите производи (директен маркетинг), Ви нудиме можност да се согласите со оваа Политика за приватност и со Политиката за директен маркетинг.

    6.2. Форма „Контакт“

Доколку сакате да не контактирате преку формата за контакт на нашата веб страница, како што е утврдено во точка 5 од оваа Политика, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:

  • име и презиме,

  • податок за контакт (електронска адреса)

Кога не контактирате преку формата за контакт, Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат, за да одговориме на Вашите пораки. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.

Веднаш под формата за контакт, Ви нудиме можност да се согласите со оваа Политика за приватност.

Нашата веб страница Ви овозможува брз контакт и директна комуникација со нас и преку електронските адреси: info@omnikum.mk или на contact@omnikum.mk

При пријава на нашата веб страница за да добивате известување за новостите и најновите промоции на наши производи или при пополнување на формата за контакт, се зачувува и IP адресата доделена од давателот на Интернет услуги и датумот и времето на Вашето најавување. Ова е единствениот начин да се спречи злоупотребата на нашите услуги и да се овозможи истрага за сторена повреда, доколку е потребно. Зачувувањето на овие податоци е потребно за наша заштита. Овие податоци нема да бидат откриени на трета страна, освен ако се откријат за цели на кривично гонење или ако постои друга законска обврска за нивно откривање.

Нашата веб страница користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот.

Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето – единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб пребарувачите на нивните корисници од другите веб пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.

Со користење на колачиња на нашата веб страница, Ви нудиме подобри услуги Вам на корисниците. Колачињата ни овозможуваат, да ги препознаваме корисниците на нашата веб страница. Целта на ова е да Ви го олесниме користењето на нашата веб страница. Доколку користите колачиња на нашата веб страница, не мора секогаш кога пристапувате до веб страницата да внесувате податоци за пристап, затоа што ги преземате од веб страницата и колачето е зачувано на Вашиот информациски систем.

Како корисник, можете во секое време да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми. Ако го исклучите поставувањето колачиња преку веб пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашата веб страница.

Повеќе информации се достапни во Политиката за колачиња.

 

Нашата веб страница собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на веб пребарувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) веб страницата од која системот за пристап пристапува до нашата веб страница, (4) датумот и времето на пристап до веб страницата, (5) адресата на Интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на Интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.

При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и (4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.

На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое на корисниците им овозможува да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство.

Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем, автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. Во текот на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле.

Facebook прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.

Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.

На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа, која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите друштвени мрежи.

Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем, автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Instagram. Во текот на овој технички процес, Instagram е информиран која веб страница сте ја посетиле.

Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку компонентата на Instagram и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.

Instagram прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Ова се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк:

https://help.instagram.com/155833707900388, https://www.instagram.com/about/legal/privacy/.

На нашата веб страница, интегрирана е компонентата на YouTube. YouTube е интернет видео портал кој им овозможува на видео издавачите и на другите корисници бесплатно да поставуваат видеозаписи, како и бесплатно нивно прегледување, оценување и коментирање. YouTube ви овозможува да објавувате секаков вид на видеа, да пристапите до цели филмови и ТВ -емисии, како и музички видеа и видеа направени од корисници преку Интернет порталот.

YouTube услугата ја овозможува трговското друштво Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница на која е интегрирана компонентата YouTube (видео на YouTube), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на YouTube. Дополнителни информации за YouTube се достапни на https://www.youtube.com/howyoutubeworks/. Во текот на овој технички процес, YouTube е информиран која веб страница сте ја посетиле.

Ако сте најавени на YouTube, YouTube ја препознава секоја посета на нашата веб страница. Овие информации се собираат од YouTube и Google и се доделуваат на вашата сметка на YouTube.

YouTube и Google добиваат информации преку компонентата YouTube дека сте ја посетилe нашата веб страница, ако сте најавени на YouTube во моментот на посетата на нашата веб страница. Ова се случува без разлика дали сте кликнале на YouTube видеозаписот или не. Доколку не се согласувате со таквиот пренос на податоци на YouTube и Google можете да се одјавите од Вашиот профил на YouTube пред да се најавите на нашата веб страница.

Одредбите за заштита на личните податоци на YouTube кои се достапни на следниот линк https://policies.google.com/privacy?hl=en, обезбедуваат информации за собирање, обработка и употреба на личните податоци од страна на YouTube и Google.

Серверите на веб страницата МАКЕДОНИЈАЛЕК се во Република Словенија, со што се врши пренос на личните податоци во Европска унија.

Вашите лични податоци доставени преку формата за контакт, ги обработуваме и чуваме само во времето потребно за постигнување на целта заради која се собрани, а најдолго 6 (шест) месеци од денот на доставување на пораката.

Вашите лични податоци доставени преку формата за известување за новостите и најновите промоции на наши производи, ги обработуваме и чуваме до повлекување на согласноста од Ваша стана. Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци за оваа цел, истите ќе бидат избришани.

МАКЕДОНИЈАЛЕК не донесува поединечни одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци вклучувајќи и профилирање.

Вашите лични податоци ќе ги откриеме на надлежни државни органи за цели на водење на постапки согласно закон. За секое откривање на Вашите лични податоци, ќе водиме писмена евиденција и ќе Ве известиме на соодветен начин.

Доколку во иднина се појави потреба за откривање на податоците на трето лице кои не се предвидени во оваа Политика, ќе побараме Ваша согласност онаму каде што е тоа неопходно и ќе извршиме дополнување на Политиката за приватност пред таа обработка воопшто да започне.

16.1 Право на потврда

Како субјект на лични податоци (корисник, посетител) имате право да добиете потврда од МАКЕДОНИЈАЛЕК дали ги обработуваме Вашите лични податоци.

16.2 Право на пристап

Во секое време, бесплатно имате право да добиете информации од МАКЕДОНИЈАЛЕК за Вашите лични податоци, како и копија од овие податоци. ЗЗЛП Ви гарантира пристап до следниве информации:

  • цел на обработката;

  • категории на личните податоци;

  • корисници или категории на корисници на кои им биле откриени или ќе бидат откриени личните податоци;

  • ако е можно, време на чување на личните податоци или ако тоа не е можно, критериумите користени за одредување на времето на чување;

  • постоење на право да се бара исправка или бришење на лични податоци или ограничување на обработката на лични податоци;

  • постоење на право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци;

  • кога личните податоци не се собрани од Вас, сите достапни информации за изворот на лични податоци;

  • постоење на автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање, и во тие случаи, релевантни информации за вклучената логика, како и значењето и предвидените последици на таквата обработка за субјектот.

Покрај тоа, имате право да добиете информации за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја, како и за соодветните заштитни мерки во врска со преносот.

16.3 Право на исправка

Имате право да добиете исправка на Вашите неточни лични податоци без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични податоци.

16.4 Право на бришење („Право да се биде заборавен“)

Имате право да барате бришење на Вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:

  • Личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои се собрани или за кои се обработуваат;

  • Сте ја повлекле согласноста на која се заснова обработката, а не постои друга правна основа за обработка;

  • Сте приговарале на обработката;

  • Обработката на личните податоци е незаконита;

  • Постои законска обврска за бришење на личните податоци;

16.5 Право на ограничувања за обработка

Имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци, доколку е исполнет еден од следниве услови:

  • ја оспорувате точноста на личните податоци, за период кој ќе ни овозможи да ја провериме нивната точност;

  • обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето на личните податоци, а наместо тоа бара ограничување на нивната обработка;

  • МАКЕДОНИЈАЛЕК нема повеќе потреба да ги обработува Вашите лични податоци, но Вам Ви се потребно за воспоставување, остварување или одбрана на Вашите правни барања;

  • Приговарате на обработката, во очекување на верификација дали нашите легитимни интереси преовладуваат над Вашите интереси.

16.6 Право на преносливост на податоци

Личните податоци чија обработка ја вршиме со автоматски средства, врз основа на Ваша согласност, имате право да ги добиете во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат или да барате да ги пренесеме овие податоци на друг контролор, под услов ако е технички изводливо.

16.7 Право на приговор

Имате право да поднесете приговор до МАКЕДОНИЈАЛЕК, против обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.

Во случај на приговор, повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци за оваа цел.

16.8 Право на повлекување согласност за заштита на податоците

Согласноста за обработка на Вашите лични податоци, имате право да ја повлечете во секое време.

Доколку сакате да остварите некое од Вашите права, Ве молиме пристапите до следниот линк 

Офицерот за заштита на личните податоци ќе постапи по Вашето барање без одлагање.

За сите прашања во врска со заштитата на личните податоци, контактирајте го офицерот за заштита на лични податоци на:

Контакт телефон: +389 (2) 260 38 57

Е-маил адреса: ozlp@makedonijalek.com.mk

Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до:

Агенција за заштита на личните податоци

бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје

https://www.dzlp.mk/

info@privacy.mk