Живееме во стресно време во кое што ни е потребно доволно внимание за да го одржиме балансот на нашето тело давајќи му ги потребните витамини и минерали за правилно и нормално одвивање на биохемиските процеси во телото.
Најдобар начин да останеме здрави е преку внес на квалитетна органска храна богата со витамини и минерали, редовни спортски активности, прошетка во природа, итн…
Меѓутоа и покрај тоа, дури 50% од луѓето имаат недостаток од одредени витамини и минерали.
Еден од нив е магнезиумот. Тој е исклучително важен елемент, претставува четврти најзастапен хемиски елемент во нашето тело одговорен за извршување на стотици биохемиски реакции.
Бројни истражувања покажуваат дека недостатокот на магнезиум во човечкиот организам достигнува епидемиски размери. Зошто е тоа така?
Главна причина што нашите тела имаат недостаток од магнезиум е стресот. Стресот не е само таканаречена нервоза, туку самиот тој се создава и со интензивно вежбање, внес на преработена храна, изложување на зрачење од PC екраните (што влијае на хипоталамусната жлезда во ослободување на хормони) и емоционален стрес. Стресот исто така ги оштетува и воспалува цревата, а тоа е местото каде што магнезиумот се апсорбира во Вашето тело.
Симптомите на недостаток на магнезиум е тешко да се прецизираат бидејќи можат да се појават на кој било дел од Вашето тело. Првичните благи симптоми може да варираат од проблеми со концентрацијата, вртоглавица и прекумерна менструална болка до замор, главоболки, грчеви на лицето и неправилна работа на срцето. Вообичаени симптоми исто така вклучуваат запек, желба за храна, губење на апетит, грчеви во мускулите, раздразливост и вознемиреност.
Нашиот организам самостојно не може да го произведува магнезиумот и поради тоа е потребен доволен внес од овој елемент во нашето тело. Најдобар начин да го обезбедиме нашето тело со магнезиум е преку храна. Најзастапен е во:
- темно чоколадо
- авокадо
- јаткасти плодови
- темнозелен лиснат зеленчук
- риба
- суво овошје
Постојат и студии кои покажуваат дека и покрај внесот преку храната, организмот останува дефицитарен за овој важен минерал.
Ако нашето тело е веќе во дефицитарна состојба, ретко е можно постигнување на потребната дневна доза само од оброците. Внесот во вид на додаток во исхраната е единствениот начин за надополнување на Вашиот недостаток. Недоволниот внес на магнезиум во исхраната е поврзан со голем број здравствени состојби.
Во продолжение Ви го претставуваме Omnikum Magnesium, кој во својот состав освен Магнезиум содржи и Витамин B6 и L-триптофан, што од друга страна го прави поразличен.
Вашиот нов сојузник во борбата за зајакнување и зачувување на имунитетот и одржување на стабилен баланс во организамот. Имајќи во предвид во кои биохемиски процеси учествува магнезиумот, Omnikum Magnesium е Ваш прв избор за додаток во исхраната кој ќе ви помогне за:
- да ја задржите потребната енергија во текот на целиот ден,
- да ја регулирате работата на мозокот и целокупниот нервен систем,
- да ги опуштите мускулите по напорен работен ден или тренинг,
- ќе ви помогне Вашиот организам да создаде нови протеини,
- да го одржите срцевиот ритам правилен,
- да ги одржите Вашите коски, нокти и заби здрави,
- да го одржите крвниот притисок во нормала,
- да го одржите хормоналниот баланс,
- да ја подобрите концентрацијата и меморијата,
- да го подобрите расположението,
- да имате посреќни моменти во текот на денот.
Во својот состав, како што погоре напоменавме, Omnikum Magnesium го содржи и витаминот B6 и аминокиселината L-триптофан. Витамин B6 придонесува за нормално функционирање на нервниот и имуниот систем, како и за нормална физиолошка функција. Учествува во процесот на синтеза на цистеини и придонесува за нормален метаболизам на протеини и гликоген. Исто така витаминот B6 има улога во формирање на црвени крвни клетки или познати како еритроцити.
L-триптофан е аминокиселина за која треба да се напомене дека е есенцијална, односно не се произведува во организмот. Затоа како таква мора да се внесе преку храната или нејзините додатоци. L -триптофан е природен прекурсор на серотонин, уште попознат како “хормон на среќата”. Серотонинот е одговорен за добро расположение и добри когнитивни функции на мозокот. Недостатокот од серотонин се манифестира како: лошо расположение, зголемена анксиозност, умор, депресија и сл.
Специфичната комбинација на активни компоненти во составот на Omnikum Magnesium го издвојува од останатата конкуренција како посебен. Овие составни компоненти покажуваат позитивен ефект врз функционирањето на Вашето тело.
За мускули, мозок и меморија препорачуваме да пробате Omnikum Magnesium.
Здравјето заслужува повеќе!
Побарaјте го само во PlusPharma аптеките!