Omnikum Osteo

Претставува комплетна формула која придонесува за одржување на здрави коски. Таблетите во својот состав содржат Ca (калциум), Mg (магнезиум), Витамин C, Zn (цинк), Mn (манган), Cu (бакар), Витамин К2, Витамин D и Натриум борат.

Внимателно избрани форми на составните компоненти кои лесно се ресорбираат, со цел подобро искористување  од телото.

Omnikum Osteo се користи за превенција од деминерализација на коските (кај жени во постменопауза). Доколку имате проблеми со колената или постоперативни болки на зглобовите, препорачана е употреба на Omnikum Osteo за побрзо закрепнување, бидејќи телото ќе ги добие на располагање основните градивни елементи за здрави коски, зглобови и мускули.

Omnikum Osteo – 60 таблети

Состав: Натриум борат (4,583mg), Калциум карбонат (1401,944mg), Калциум цитрат (47,619mg), Бакар сулфат (0,273mg), Магнезиум оксид (328,534mg), Магнезиум цитрат (22,727mg), Манган сулфат (0,563mg), Витамин C (7,113mg), Витамин D3 (холекалциферол) 2.50 mcg; 1,200 mg (100,000 IU / g.), Витамин K2 (Менакинон -4) (4,125mg), Цинк Оксид (6,410mg).

Категории: ,

Што е Omnikum Osteo и за што се употребува?

Omnikum Osteo e специјално креирана формула која е сеопфатна и е наменета за одржување на силни коски, заби и флексибилни мускули.

Калциум помага во одржување на силни коски и заби, помага во спречување на  намалување на коскени минерали кај жени во постменопауза што претставува ризик фактор за остеопорозни фрактури на коските.

Магнезиум учествува во нормално функционирање на мускулите и дава дополнителна енергија во случај на замор.

Витамин D3 овозможува нормална апсорпција на калциум и фосфор, како и нормално ниво на калциум во крвта овозможувајќи одржување на здрави коски, односно ја зголемува апсорпцијата на калциум во коските и влијае на јакнење на имунитетот.

Цинк ги одржува коските и добар e за кожата, косата и ноктите.

Витамин C е важен за формирање на колаген, кој од друга страна пак е важен за коските, ‘рскавицата и одржувањето на силни коски.

Mанган има влијание за нормално формирање на сврзно ткиво во ‘рскавица и коски.

Бакар овозможува одржување на нормално сврзно ткиво.

Витамин К2 придонесува за нормално згрутчување на крвта.

Бор учествува во одржување на структурата на коските и зглобовите.

Препорачана доза е 1 таблета на ден за време на оброк.

Одржувајте го здравјето на Вашите коски со само една таблета на ден.

Здравјето заслужува повеќе!
Побарајте во PlusPharma аптеките!