ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Omnikum Magnesium 400mg
Магнезиумот е еден од најзастaпените елементи во човековото тело каде учествува во преку 300 метаболни и витални процеси. Магнезиумот ја помага ензимската активност. Ензимите претставуваат протеини кои се одговорни за одвивање на биохемиските процеси во телото. Тие имаат ко-фактори кои ја одредуваат нивната активност. Тој е еден од најбитните ко-фактори.
Активности како клеточна продукција или протеинска синтеза на ATP. Синтезата на ATP е детерминирана од магнезиум. ATP е извор на енергија во секоја клетка. Магнезиумот исто така ја олеснува нормалната синтеза на DNA и на тој начин влијае на целокупната клеточна функција, магнезиумот ја регулира хомеостазата, учествува во баланс на минералите во телото, составен дел е и на коските и забите, ја релаксира мускулатурата итн.
Банана, бадеми, спанаќ, семки од тиква, авокадо, темно чоколадо, кафеав ориз, јогурт итн.
Можна е појава на следните состојби: несоница, грчеви во мускулите, дијабет, астма, нарушување во нервниот систем, кардиоваскуларни нарушувања, остеопороза и голем број на други нарушувања.
Omnikum Magnesium се капсули кои во својот состав содржат Магнезиум, Витамин B6 и аминокиселина L-триптофан.
Доколку земете премногу Магнезиум може да имате диареа или мека столица, неконтролирани срцеви отчукувања, намалена активност на жлездите, намалување на притисокот на крвта, дисбаланс на минералите во оргнизмот итн.
Препорачано дозирање е 1 капсула на ден со вода.
Магнезиум е минерал кој што влијае на функцијата на сите мускули. Магнезиумот учествува и во размена на електролитите во срцето. Исто така тој е природен вазодилататор, го зголемува протокот на крв низ крвните садови и го намалува притисокот на крвта.
L-триптофан е аминокиселина и таа има улога на прекурсор за синтеза на серотонин, уште попознат како хормон на среќата. На тој начин влијае за подобрување на расположението.
375 – 600mg е препорачаниот внес на Магнезиум за возрасни лица.
Ви препорачуваме да се консултирате со некој од фармацевтите од PlusPharma аптеките.
Omnikum Magnesium може да се купи во PlusPharma аптеките.
Omnikum CBD
CBD е канабиноид кој што е изолиран од растението коноп. Канабиноидите се хемиски соединенија кои кога ќе бидат внесени во нашето тело стапуваат во интеракција со канабиноидните рецептори, распоредени насекаде во организмот. Кога CBD ќе се поврзе за овие рецептори, се активираат одредени физиолошки процеси кои помагаат да се регулира апетитот, болката, расположението и меморијата.
CBD природно е застапен и е дел од растението коноп. Нема психоактивно дејство и не предизвикува “high” состојба. CBD се изолира чист, со незначителни остатоци на THC. THC е главниот причинител за психоактивното дејство.
Тоа се капсули кои во својот состав содржат 5mg чистo CBD масло добиено со CO2 екстракција од листот, цветот и семето на растението коноп.
Нарушување на мускули и зглобови (пр. ревматизам), проблеми со спиење, епилепсија, астма, мигрена, напнатост, главоболка, стрес, психички замор, мускулна напнатост, грчеви и постојано мрдање со нозете, третман на болка (пр. менструална болка), гадење, високо или превисоко ниво на шеќер, различни промени на кожата, како псоријаза, егземи или акни итн.
Да. Тоа се мали капсули кои се лесни за употреба.
Препорачано е да се употребува по една капсула на ден. Да не се надминува препорачаната доза. Најдобро е да се голтнат со чаша вода.
Не. Omnikum CBD капсулите немаат несакани ефекти.
Не. Капсулите се наменети само за возрасни пациенти.
Препораката е да се консултирате со Вашиот доктор или фармацевт.
Omnikum Zinc & Selenium
Препорачана дневна доза за возрасни лица за Селен е 55mcg, додека за Цинк е 10-15mg.
Цинк и Селен се минерали. Тие се едни од основните минерали кои му се потребни на телото за нормално функционирање. Имаат улога во голем дел од процесите кои се одвиваат во телото на човекот, односно без нив тие процеси е невозможно да се одвиваат.
Тоа се таблети кои во својот состав содржат Цинк и Селен. Покрај овие два минерали содржат и Витамини А, Б, Ц и Е.
Omnikum Zinc&Selenium таблетите, препорачливо е да се земаат еднаш на ден по една таблета за време на оброк со чаша вода.
Не. Овие таблети не се наменети за лекување на болести.
Да. Овие таблети се природни и вегански.
Селенот го поддржува имуниот систем, добар е за тироидната жлезда, помага во заштита на телесните клетки од надворешни влијанија и е добар за косата и ноктите. Цинкот има улога во одржување на силни коски, придонесува за нормална отпорност при стрес, игра важна улога во менталниот напор и активност, придонесува за производство на клетки и ткива и придонесува за нормален метаболизам на јаглехидрати, маснотии и протеини.
Витаминот А влијае на нормалната делба на клетките, важен е за кожата, добар е за мукозните мембрани во цревата и белите дробови, добар е за видот, помага во одржување на нормално ниво на железо во крвта и го поддржува имунитетот.
Витаминот Б6 исто така го поддржува имуниот систем. Витаминот Б6 ја активира природната енергија во организмот, ја регулира активноста на хормоните и е добар за меморијата и нервниот систем. Витаминот Ц дејствува и како антиоксиданс. Покрај тоа, помага во одржување на здрава 'рскавица, важен е за добра состојба на крвните садови, обезбедува добра отпорност и придонесува за кондиција, го намалува и чувството на замор. Витаминот Е е антиоксиданс и помага во заштита на клетките од оксидативно оштетување. Овие состојки придонесуваат за нормално функционирање на имуниот систем, ја одржуваат Вашата коса силна и се добри за Вашите нокти.
Цинкот најмногу го има во тиква и семки од тиква, семе од сусам, спанаќ, соја, лук, компир, млеко, грав, кафеав ориз, пченка. Селенот е најзастапен во: бразилски ореви, туна, јајца, млеко, јогурт, кафеав ориз итн.
Карактеристични симптоми при недостаток на Цинк и Селен во телото се: пад на имунитет, хроничен замор, акни и проблеми со кожата, намален аптетит, алопеција, честа диареа, проблеми со видот, многу чести инфекции, губење на тежината, намалена концентрација, хипертиреоидизам итн.
Omnikum Vitamin C - 1000mg
Познат е уште како аскорбинска киселина или поточно L-аскорбинска киселина. Тоа е хидросолубилен витамин, односно витамин растворлив во вода. Организмот нема можност да го складира вишокот на Витамин Ц, односно вишокот се исфрла преку урината. Затоа е потребно да се внесува преку исхраната или додатоците. Припаѓа на групата антиоксиданси.
Најзастапен е во свежо овошје и зеленчук. Овошни растенија богати со Витамин Ц се: диња, манго, киви, ананас, лубеница, цитрусни овошја (лимон, портокал, грејпфрут). Зеленчуци богати со Витамин Ц се: брокули, карфиол, пиперки, зелени зеленчуци како спанаќ, зелка и сл., сладок и бел компир, домати итн.
Витамин Ц е значаен за човечкото тело и игра улога во намалување на инфламаторна реакција со што го штити телото од настинки. При негов дефицит во телото се зголемува ризикот од вирусни заболувања.
Витамин Ц е од витална важност за секој човек. Докажано е дека игра улога во голем број процеси кои се одвиваат во организмот. Го намалува нивото на шеќер. Има спосбност да се врзе со штетните радикали, кои се ослободуваат во телото од најразчни причини, односно делува како јак антиоксиданс. Битен е и за апсорпција на железото итн.
Препорачливо е да се употребува дозата која е пропишана во упатството на суплементите. Правилно е таблетата или капсулата да се голтнат со вода. Не е препорачливо да се употребуваат алкохолни пијалоци за таа намена.
Кај здрав човек дневната препорачана доза на Витамин Ц е 500-1000mg дневно. Но, во различни состојби и услови дозата може да варира.
Не. Витамин Ц е термолабилен, односно на висока температура може да биде уништен. Затоа се препорачува храната којa е богата со Витамин Ц да не се преработува, односно најдобро е да се конзумира свежа, со што ќе бидете сигурни дека внесувате од овој витамин во Вашиот организам.
Вишокот на Витамин Ц се исфрла од организмот преку урината и генерално не е возможно да се појави предозирање со овој витамин. Но, при преголем внес на Витамин Ц во телото може да се појават симптоми од типот на диареа, повраќање, грчеви во стомакот, проблеми со варење на храната и сл. Тоа не се комплицирани симптоми од хипервитамониза со Витамин Ц. Доколку се сомневате дека сте внеле многу висока доза и имате вакви симптоми консултирајте се со Вашиот доктор за понатамошни чекори.
Замор, омалаксаност, болка во зглобови и коски, лесна појава на модринки, мали црвено-сини точки на кожата, сува кожа, кршлива коса (особено на краевите), губење на телесна маса, отежнато зараснување на рани, промена во коски, губење на заби итн.
Препораките се да се зема и Витамин Ц во третман на анемија. Витмин Ц ја зголемува и олеснува апсорпцијата на железо во организмот.
Omnikum Omega 3 - 1400mg
Омега 3 се полинезаситени масни киселини кои се есенцијални за човековиот организам. Терминот “полинезаситени” се однесува на двојните врски кои ги има во структурата на масната киселина. Омега 3 ја означува позицијата на последната двојна врска во веригата, што означува дека последната двојна врска се наоѓа на третиот јаглероден атом броено одпозади. Омега 3 масни киселини се EPA (Eicosapentaenoic acid), DHA (Docosahexaenoic acid) и ALA (алфа-линоленска киселина).
Апсолутно. Телото има потреба од внесување на масти со исхраната секојдневно. Треба да го зголемите внесот на масти кои се здрави како Омега 3, а да го намалите внесот на мастите кои не се корисни за организмот, како заситени и транс масни киселини.
Да. Мастите може да бидат штетни, доколку станува збор за трансмасти, а нивниот внес во телото е почесто застапен. Незаситените масни киселини како Омега 3 се многу корисни и затоа се препорачува нивен внес секојдневно.
Долговерижните Омега 3 масни киселини, како EPA и DHA најмногу се застапени во риби како сардини, скуша, лосос, додека кратковерижните масни киселини, како ALA се застапени во повеќе растителни масла (ленено масло).
Омега 3 масните киселини имаат значајни улоги во секој организам. Најзначајно е дека се важни за кардиоваскуларниот систем, правилен развој на фетусот, когнитивните функции на мозокот, расположение итн. DHA е масна киселина од која што 40% сивата маса во мозокот е изградена. EPA има улога да го активира антиинфламаторниот механизам во телото при било какво воспаление.
Според препораките на СЗО дневна препорачана доза е 200-500mg EPA+DHA.
Есенцијални масни киселни се оние кои организмот не е способен сам да ги произведе и тие мораат да се внесуваат преку хараната и нејзините додатоци. Такви се Омега 3 масните киселини.
Да. Рибите кои живеат во ладните води на Тихиот Океан во себе содржат поголема количина Омега 3 и помалку токсини.
Внесот на Омега 3 масните киселини преку храната е идеален, но не е секогаш возможен. За да ги задоволите дневните потреби на организмот потребно е многу често да внесувате риба. Доколку не внесувате риба многу често, внесувајте Омега 3 преку суплементите кои се нудат на пазарот.
Omnikum Omega 3 може да се купи во PlusPharma аптеките.
Omnikum Osteo
Омникум Остео се таблети наменети за унапредување на здравјето на коски и зглобови.
Препорачливо е да се зема по една таблета на ден за време на оброк со чаша вода.
Овие таблети се наменети за возрасни пациенти, односно продуктот не е наменет за деца.
Да. Особено е препорачлив во пред, за време и пост менопаузален период кај жената.
Да. Употребата на Omnikum Osteo е препорачлива исклучиво како додаток при состојби на остеопороза. Не е наменет за употреба како лек во терапијата.
Omnikum Osteo се таблети наменети за подобрување на здравјето на коските и зглобовите, како и за превенција. Немаат аналгетско дејство.
Таблетите содржат Ca (калциум), Mg (магнезиум), Витамин C, Zn (цинк), Mn (манган), Cu (бакар), Витамин К2, Витамин D и Натриум борат. Формулата е сеопфатна и е наменета за одржување на силни коски, заби и флексибилни мускули.
Голем број на нутриенти влијаат на здравјето на коските. За здрави коски клучно е да внесувате калциум, магнезиум и витамин D, во дневни препорачани дози. Тоа се основните активни компоненти кои помагаат за одржување на здрави коски.
Да. Omnikum Оsteo е препорачлив, помага и го олеснува заздравувањето на фрактурите.
Omnikum Osteo може да се купи во PlusPharma аптеките.