Omnikum Zinc & Selenium

Покрај Цинк и Селен, оваа Omnikum формула е надоградена со витамин А, B6, C, Е. Во едно пакување има 45 таблети, доволни за 1 месец и 15 дена. Треба да се чуваат на температура од 25°С, заштитени од светлина и на позиција недостапна за деца.

Селенот и цинкот се едни од најмоќните антиоксиданси кои придонесуваат во одржување на здрав организам. Селен и Цинк се важни минерали кои го зајакнуваат целиот организам.

Фармацевтска форма: таблети

Состав: Селен 195mcg, Витамин А (ретинилпалмитат) 801mcg, Витамин B6 (пиридоксин хидрохлорид) 2,09 mg, Витамин C (аскорбинска киселина) 91,08 mg, Витамин Е (D-алфа токоферолацетат) 10,07 mg, Цинк (од 123mg цинк глуконат) 15,13 mg.

Категории: ,

Што претставува Omnikum Zinc & Selenium и за што се употребува?

Селенот е моќен антиоксиданс кој:

– Ги штити клетките и ткивата од штетните ефекти на слободните радикали кои го забрзуваат стареењето, влијае на плодноста кај мажите стимулирајќи сперматогенеза и е од суштинско значење за здравјето на простатата;
– Има имуностимулативно дејство, што е исклучително важно за зајакнување на имуниот систем;
– Учествува во производството на активни тироидни хормони, што е потребно за негово правилно функционирање;
– Неопходен е за правилен раст на косата и ноктите;
– Ја стимулира детоксикацијата на организмот со забрзување на елиминацијата на тешките метали.

Во исто време, цинк придонесува за:

– Заштита на клетките од ефектите на слободните радикали (антиоксидативно дејство);
– Нормална функција на имунолошкиот систем (имуностимулативно дејство);
– Метаболизам на витамин А и одржување на нормален вид;
– Одржување на нормално ниво на тестостерон во крвта и во нормална плодност и репродукција;
– Процес на заздравување на раните, нормален раст, клеточна поделба и зачувување на нормалната киселинско-базна рамнотежа;
– Нормална синтеза на протеини и нуклеински киселини и игра важна улога во метаболизмот на јаглехидрати и масни киселини.

– Oдржување на нормална коса, кожа, нокти

– Учествува во синтезата на ДНК,

– Придонесува за нормална когнитивна функција

Селенот и цинкот се едни од најмоќните антиоксиданти кои придонесуваат во одржување на здрав организам.

Како да го употребувате Omnikum Zinc + Selenium?

Се препорачува употреба на 1 таблета на ден за време на оброк. Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Ако сте употребиле поголема доза од Omnikum Zinc + Selenium отколку што треба: веднаш треба да се посоветувaте со Вашиот лекар или фармацевт.

Ако сте заборавиле да го употребите Omnikum Zinc + Selenium: не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

Што мора да знаете, пред да го употребите Omnikum Zinc + Selenium?

Omnikum Zinc + Selenium не се употребува за превенција или третман на болест.

Бременост и доење:

Советувајте се со вашиот лекар и фармацевт пред да земете било каков лек.

Можни несакани дејства (реакции) на Omnikum Zinc + Selenium

За производот нема познати несакани дејства. Доколку забележите било какви несакани дејства Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт.

Број и датум на решението за промет:12-9748/2 од 10.11.2020 година

Едно пакување Omnikum Zinc + Selenium содржи 45 таблети

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на граничниот производ консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Здравјето заслужува повеќе внимание!