Omnikum D3

Во портфолиото на Omnikum, Витаминот D е застапен со две јачини, Omnikum Vitamin D од 1000IE и 3000IE. Omnikum Vitamin D3 е од суштинско значење за правилен развој и за одржување на здрави коски и помага во одржувањето на здрави заби.

Фармацевтска форма: капсули.

Состав:

1 капсула Omnikum D3 1000UI содржи 25mcg витамин D3 (холекалциферол)
1 капсула Omnikum D3 3000UI содржи 75mcg витамин D3 (холекалциферол)

 

 

Категории: ,

Што претставува Omnikum D3 и за што се употребува?

Капсулите Omnikum D3 ја содржат активната супстанција холекалциферол. Холекалциферол е форма на витамин Д кој има важна улога во апсорпцијата и метаболизмот на калциум и неговото вградување во коскеното ткиво.

Омникум D3 се користи за:

  • Превенција на недостаток (дефицит) на витамин Д (ниско ниво на витамин Д во организмот) кај деца на возраст над 6 години, адолесценти и возрасни со утврден висок ризик.
  • Терапија на недостаток на витамин Д кај адолесценти и возрасни.
  • Дополнителна терапија при остеопороза (болест при која се намалува густината на коската што доведува до зголемување на веројатноста за појава на фрактури) кај возрасни со дефицит на витамин Д или со утврден висок ризик за недостаток на витамин Д.

Omnikum D3 е од суштинско значење за правилен развој и за одржување на здрави коски и помага во одржување на здрави заби. Тој ја поддржува соодветната апсорпција на калциум и фосфор, одржувањето на точно ниво на калциум во крвта и учествува во процесот на клеточна делба. Покрај тоа витаминот Д поддржува правилно фунцкионирање на мускулите и имунолошкиот систем.

Активната супстанција холекалциферол е идентична со холекалциферолот што се наоѓа во човековото тело. Тој е присутен во исхраната и се создава во кожата по изложување на сонце. недостаток на витамин Д може да настане ако вашата исхрана или начин на живот не обезбедуваат доволни количини на витамин Д или кога на вашето тело му е потребна поголема количина на витамин Д.

Како да го земате/употребувате Omnikum D3?

Се препорачува употреба на 1 капсула на ден (1000IU) за време на оброк. Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Врз основа на вашите специфични потреби лекарот може да ве советува да земете различна доза од оние опишани погоре. Следете ја препораката на вашиот доктор.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на граничниот производ консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Здравјето заслужува повеќе!

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Omnikum D3”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *