Omnikum Vitamin C 1000mg

Omnikum Vitamin C 1000mg се таблети со Витамин Ц и екстракт од шипка. Во едно пакување има 75 таблети, доволни за 2 месеци и 15 дена. Таблетите чувајте ги на суво место на температура од 25°С, заштитени од светлина, како и на позиција недостапна за деца. Таблетите се наменети за возрасни лица.
Фармацевтска форма: таблети.


Состав:

Витамин Ц ………………..1000 mg
Екстракт од шипка …………40 mg

Категории: ,

Што претставува Omnikum Vitamin C 1000 mg и за што се употребува?

Omnikum Vitamin C 1000 mg се таблети кој во својот состав содржат витамин Ц.

Витамин Ц придонесува за одржување на јаки коски и силни заби. Корисен е за нормално функционирање на имуниот систем. Витамин Ц e антиоксиданс и ги потпомага клетките во одбрана од надворешни влијанија и стрес. Витамин Ц ја зголемува апсорпцијата на железо и придонесува во намалување на замор и исцрпеност.  Воедно придонесува за одржување на нормален енергетски метаболизам,придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и физиолошките функции.

Како да го употребувате Omnikum Vitamin C 1000 mg?

Се препорачува употреба на 1 таблета на ден за време на оброк.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Ако сте употребиле поголема доза од Omnikum Vitamin C 1000 mg отколку што е пропишано: веднаш треба да се посоветувте со Вашиот лекар или фармацевт.

Ако сте заборавиле да го употребите Omnikum Vitamin C 1000 mg: не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

Што мора да знаете, пред да го употребите Omnikum Vitamin C 1000 mg?

Omnikum Vitamin C 1000 mg не се употребува за превенција или третман на болест.

Бременост и доење:

Советувајте се со вашиот лекар и фармацевт пред да земете било каков лек.

Можни несакани дејства (реакции) на Omnikum Vitamin C 1000 mg?

За производот нема познати несакани дејства.

Доколку забележите било какви несакани дејства Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт.

Број и датум на решението за промет:12-9747/2 од 10.11.2020 година

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на граничниот производ консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Здравјето заслужува повеќе внимание!