Omnikum брендот во своето портфолио содржи различни категории на производи кои може да ги најдете во сите подобро снабдени аптеки.
Главната цел и идеја со која беа креирани и формулирани е унапредување на здравјето на купувачот.
На создавање на производите работи тим од повеќе стручни лица (фармацевти и лекари), кои користејќи ги најновите информации и научни сознанија од искуствата во светот посветено и внимателно го прават изборот и комбинацијата на различни состојки, добивајќи квалитетни производи, за подршка на биохемиските процеси во телото.
Со технолошкиот развој и развојот на свеста на човекот се повеќе во фокус на вниманието се ставаат човечките вредности. Се става акцент на здравиот начин на живот, важноста на органската исхрана, спортските активности, медитацијата итн…
Голем мотив во создавањето на овие производи беше олеснување на секојдневните активности, функционирање на повисоко ниво во извршување на секојдневните обврски, а со тоа овозможувајќи задоволство и повеќе енергија за посреќен живот.
Omnikum продуктите Ви го нудат токму тоа. Здраво надополнување на дневните потреби од витамини и минерали, со цел обезбедување на правилна функција и заштита на телото.
Низ целиот процес на подготовка на продуктите за овој бренд, се водевме по она што најмногу недостига во телото со денешниот начин на живот, а е од голема важност за нормално и напредно функционирање на секој еден човек.
Заклучокот до кој дојдовме беше очигледен. Освен изборот на квалитетни појдовни суровини, многу битно е и следење на најновите истражувања и сознанија во науката, кои гарантираат продукт кој делува. Целото портфолио на продукти од брендот Omnikum е произведено по најновите тахнолошки стандарди, кои се водат по Европските регулативи.
Затоа Omnikum со гордост Ви претставува една поинаква филозофија на пристап во креирање на производите за поткрепа на Вашето тело.
Брендот Omnikum во своето портфолио содржи повеќе различни категории на продукти кои помагаат во подобрување и одржување на здравјето на луѓето како и за напредно функционирање на телото и умот.