Едни од поважните состојби кои се јавуваат во пост менопауза се остеопенија- остеопороза. Остеопенијата е дефинирана како минерална густина на коските помала од нормалната и е најзастапена кај жените во постменопауза. Остеопенијата често се нарекува „пред-остеопороза“ бидејќи понекогаш води до остеопороза.
Остеопорозата е системско заболување на скелетот, кое што се карактеризира со намалена коскена маса со консеквентно зголемување на коскената кршливост и на подложноста кон фрактури. Мускулно-скелетни симптоми кои се карактеризираат со болки во грбот, фрактури при минимална траума, намалена висина и подвижност се чести поради остеопороза.
Нивото на елементите во трагови е исклучително важно за одржување на нормалното функционирање на човечкото тело. Ризикот од нарушување на нивната рамнотежа особено динамично се зголемува во периодот на менопаузата.
Недостатокот на Mg и Zn кај жените во пост менопауза води до појава на палпитации, треперење на рацете и нозете, парестезија, нарушувања на имунолошкиот систем, сува и груба кожа, губење на косата, апатија, меланхолија, проблеми со концентрацијата, како и оштетувања на видот, слухот, вкус и мирис.
Калциумот е од суштинско значење за различни функции на телото, како што се пренос на нервни импулси, мускулна контракција и згрутчување на крвта. Бидејќи внесот на калциум има тенденција да се намалува со возраста, суплементацијата на калциум е особено важна кај жените во постменопауза.
Витаминот Д е исто така фундаментален за здравјето на коските, бидејќи e значаен за оптимална апсорпција на калциум. Производството на витамин Д од страна на кожата исто така се намалува со возраста. Истражувачите откриле дека додатоците на витамин Д имаат мал до умерен ефект врз симптомите на депресија кај возрасните.
Токму поради улогата што ја имаат овие микроелементи и витаминот Д за здравјето на постменопаузалните жени, најсоодветно е нивно земање во еден препарат во кој би ги имало во концентрации доволни за препорачан дневен внес.