Мовембер е годишен настан кој се одржува цел месец ноември, месец кога храбрите и  несебични мажи ширум светот пуштаат мустаќи, а жените чекорат да го поддржат сето тоа за да се подигне свеста и средства за здравјето на мажите – особено ракот на простата, тестисите, менталното здравје и превенцијата од самоубиство.

Movember е основан во 2003 година од неколку пријатели искочени на пиво во паб непосредно надвор од Мелбурн, Австралија. За време на Movember, мажите растат  мустаќи за месецот, барајќи пријателите, семејството и колегите да донираат за нивниот напор.

Movember цели кон тоа, мажите во целиот свет да преземат акција за да живеат посреќни, поздрави, подолги животи и да го направат тоа со инвестирање во овие критични области: рак на простата, рак на тестисите, ментално здравје и превенција од самоубиства.

Влијанието на ракот на простата и тестисите врз животите на мажите е прилично  значајно, при што ракот на простата е втор најчест рак кај мажите ширум светот и бројот на случаи се очекува да се удвои на 1,7милиони случаи до 2030 година.

Ова е причината зошто луѓето од целиот свет стануваат обединет глас секој Movember, носејќи витално внимание на скриената машка здравствена криза.

Како да се заштитите и помогнете?

Останете поврзани

Поминете време со луѓе што прават да се чувствувате добро. Вашите пријатели се важни и поминувањето време со нив е добро завас. Редовно бидете во контакт и одвојте време за средба.

Зборувајте повеќе

Не мора да сте експерт и не мора вие да бидете решението кое е потребно, но да бидете тука за некого, да слушате и да одвоите од вашето време може да спаси нечиј живот

Запознајте се со бројките

Штом сте околу 50 годишна возраст, разговарајте со вашиот доктор за ракот на простата и  дали треба да направите ПСА тест. Ако имате татко или брат со истиов проблем, овој  разговор треба да го направите на 45 годишна возраст.

Движете се повеќе

Внесете повеќе активност во текот на денот. Правете го она што прави да се  чувствувате убаво. Имајте состанок со одење. Паркирајте подалеку и одете пеш, одете по скали наместо  со лифтот. Симнете се неколку автобуски станици порано или патувајте до работа со велосипед.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *