Кои се најчестите причини за појава на депресија?

Депресијата е светски здравствен проблем и во просек 1 од 10 пациенти се соочува со истата. Како причини за настанување се: биолошки разлики, ,,хемијата’’ во мозокот, хормоните, наследни фактори…

Нешто што е од медицински интерес се механизмите на настанување и тие интензивно се истражуваат.

Дали недостатокот на витамин D може да предизвика депресија?

При одредени истражувања, научниците откриле врска помеѓу недостатокот на витамин D и настанувањето на депресивните растројства. Увиделе дека пониски нивоа на овој витамин има кај депресивни наспроти недепресивни пациенти

Научни студии го имаат докажано постоењето на рецептори за витамин D (VDRs) во централниот нервен систем, што ни обезбедува доказ за инволвираноста во функцијата на мозокот. D3 има способност да стигне до мозокот, попрецизно до хипокампусот. Оштетувањата на овој дел најчесто се поврзани со појава на хронична депресија.

Каква е поврзаноста на витаминот D со хормонот на среќа- серотонин?

Оваа поврзаност е објаснета во моноамино неуротрансмитерска хипотеза. Според оваа теорија, депресијата настанува како недостаток на серотонини допамин. И сега се прашувате каде е тука витаминот D. Toj всушност помага во формирање на серотонин, а со тоа ја намалува веројатноста од серотонински недостаток и појава на депресија.

Кои групи на луѓе се во поголем ризик од депресивни епизоди ?

Женскиот пол е многу поподложен на развивање на депресија, особено во постпородилниот период и постменопаузата, а овие групи се и со висок ризик од дефицит на витамин D.

Други вакви групи се деца и постари индивидуи, исто така подложни на депресија.

Како вклучувањето на суплементација со витамин D помага при справување со оваа состојба?

Терапија со антидепресиви во рок од 6 месеци се покажала многу поефективна ако се вклучи и витамин D, наспроти 6 месеци земање само на лекот.

Соодветната суплементација со витамин D треба да се прилагоди според потребите на индивидуата, а тоа се испитува лабараториски. За истото, советувајте се во вашиот доктор или фармацевт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *