Соодветната исхрана е од суштинско значење за здрав имунитет, a некои хранливи материи се позначајни кога станува збор за одбрана на телото од инфекции.
Меѓу есенцијалните минерали, недостатокот на цинк или селен може значително да ја зголеми подложноста на инфекции.
Студии направени на пациенти примени на одделот за инфективни болести, откриваат дека цинкот и селенот се меѓу најраспространетите недостатоци на микронутриенти и дури две третини од пациентите имаат недостаток на цинк, а речиси половина имаат недостаток на селен.
Инфекциите можат дополнително да го зголемат недостатокот на цинк и селен и да ја влошат прогнозата.
-
ЦИНК
Цинкот придонесува за здрав имунитет преку директни, индиректни и антиоксидантни механизми, а недостатокот на цинк може да ја зголеми нечија подложност на опортунистички инфекции. Ин витро студиите покажуваат дека цинкот и неговите комплекси имаат антивирусни ефекти и можат да ја инхибираат репликацијата на многу различни респираторни вируси, вклучувајќи грип, риновирус и респираторен синцицијален вирус.
Цинкот е од суштинско значење за структурата и активноста на тимулинот, хормон кој го регулира производството и созревањето на Т-лимфоцитите.
Се смета дека недостатокот на цинк придонесува за инциденцата и сериозноста на инфекциите на респираторниот тракт кај децата. Рандомизирани контролирани истражувања покажуваат дека суплементацијата со цинк може да го намали ризикот од акутни инфекции на долниот респираторен тракт. Во едно клиничко истражување на доенчиња и деца од предучилишна возраст, внесувањето на цинк го намалило ризикот од акутни инфекции на долниот респираторен тракт за 45%.
Децата кои примале додатоци со цинк побрзо закрепнуваат од инфекции.
Недостатокот на цинк не само што го компромитира имунитетот, туку го пренасочува имунолошкиот систем кон воспалителна состојба што може да го предиспонира телото за оштетување на белите дробови и другите органи. Се покажа дека суплементацијата на цинк го намалува оштетувањето на белите дробови кај животинските модели на респираторни инфекции.
Недостаток на цинк е забележан кај 30% или повеќе од лицата постари од 60 години.
Тоа придонесува за падот на функцијата на имунолошкиот систем поврзан со возраста, познат како имуносенценција, што пак го зголемува ризикот и сериозноста на инфекции кај постарите лица. Студиите на животни и луѓе за здрав имунитет сугерираат дека имуносесценција, вклучително и тимулинската активност и периферната имунолошка функција, може да се коригираат со едноставно дополнување со цинк.
Во една рандомизирана, двојно слепа, плацебо-контролирана студија, на учесниците во студијата им беше даден дневен мултивитамински и минерален додаток, вклучително и цинк, за една година. Поединците кои развиле нормални нивоа на цинк имале помала инциденца и времетраење на пневмонија и намалена потреба за антибиотици, во споредба со субјектите со ниски серумски концентрации на цинк. Друга студија покажа дека суплементацијата со цинк го намалува ризикот од пневмонија за 64% кај пациенти со критична нега (траума) на вентилатори.
-
СЕЛЕН
Соодветното ниво на селен е исто така од суштинско значење за нормален, здрав имунолошки одговор. Меѓу ензимите кои најмногу се погодени од статусот на селен е глутатион пероксидаза 1 (GPX1), протеин кој содржи селен со познати антивирусни својства.
Студиите покажуваат дека недостатокот на селен ја зголемува подложноста на грип, како и на хепатитис Б, хепатитис Ц, вирусот на Западен Нил и хантавирусните инфекции.
Во едно истражување кај глувци, смртноста на глувците со дефицит на селен била 75%, додека смртноста на глувците надополнети со селен била намалена на 25%. Се покажало дека недостатокот на селен предизвикува потешка патологија на белите дробови кај животните со инфекции со грип. Ниските нивоа на селен не само што го зголемуваат ризикот од инфекции, туку придонесуваат и за појава на нови и повирулентни соеви на грип.
Откриено е дека децата со високо инфективниот подтип H1N1 на грип имаат ниски нивоа на селен во крвта.
Дополнително на овие наоди, една студија за населението покажа дека лицата кои живеат во региони со ниски нивоа на селен во Кина имале четири до пет пати поголема стапка на смртност од СОВИД-19 отколку оние во области со високо ниво на селен. Недостатокот на цинк и селен може да се додаде на факторите кои ги предиспонираат поединците за опортунистички инфекции и може да ја зголеми нивната сериозност или ризикот од негативни исходи доколку се појават инфекции.
Суплементацијата со цинк и селен може да биде корисна за многу поединци, особено оние со недоволно внесување на храна.
Оваа категорија вклучува лица со дијабетес, дебелина, малапсорпција, инфекции или други коморбидитети; и постарите лица.