Kaj повеќето пациенти со депресија, анксиозност и опсесивно-компулсивно нарушување, научно е докажано дека постои недостаток на магнезиум. Ова е и една од причините зошто препишаните лекови за овие состојби не делуваат. Суплементацијата со Магнезиум ги намалува нападите на анксиозност и го подобрува одговорот на препишаната терапијата. Овие ефекти можат да се увидат после 6-12 седмици.
Ниското ниво на серотонин( хормон на среќата) се поврзува со анксиозност и панични напади. L- триптофанот и витаминот B6 се клучни фактори во создавањето на серотонинот, така што формулациите на магнезиум збогатени со витамин B6 и триптофан се дефинитивно одлична поддршка во борбата против паничните напади и анксиозност.
Maслото од CBD има својство да помогне при справување со извесен страв или фобија преку делување со различни механизми. Поточно го блокира присетувањето на стравот, а со тоа и непријатното чувство на паника. Покажува широк спектар на дејства, вклучувајќи намалување на автономното возбудување, намалување на условениот израз на страв, подобрување на истребување на стравот, блокада на повторно побудување на стравот и паниката и спречување на долгорочните последици предизвикани од стрес и анксиозност.
Покрај хроничната примена на масло од CBD, се препорачува и земање на истото при самиот напад. За побрзо настанување на ефектот најсоодветно е да не проголта, туку да се прегризе капсулата и маслото да се ослободи под јазик.
Во случај на поинтензивни и почести панични напади, соодветно решение е комбинација на CBD масло и магнезиум. За дозирањето и начинот на употреба консултирајте се со вашиот доктор или фармацевт.