Курсот за медитација со mindfulness може да биде исто толку ефикасен во намалувањето на анксиозноста како и обичните лекови, според една нова студија.
Истражувањето, објавено на 9 ноември во JAMA Psychiatry, опфатило група од 276 возрасни лица со нетретирани анксиозни нарушувања. Половина од пациентите биле по случаен избор избрани да земат вообичаен лек кој се користи за лекување на анксиозност и депресија. Другата половина била пратена на осумнеделен курс за намалување на стресот базиран на mindfulness.
Резултатите беа зачудувачки: и двете групи доживеале околу 20% намалување на нивните симптоми на анксиозност во период од осум недели.
Медитацијата може да се препише наместо лекови за пациенти кои имаат сериозни несакани ефекти или пак имаат алергии на лекови против анксиозност, па не можат да ја земаат терапијата која обично се препишува за оваа состојба. И започнувањето медитација, исто така, може да биде прв чекор за луѓето кои имаат нетретирана анксиозност или пак се претпазливи со лекови.
Сепак, може да има неодредени фактори кои прават некои пациенти подобро да реагираат на медитација и обратно, некои пациенти кои биле доделени во групата за медитација откриле дека лековите се всушност многу поефикасниза нив.
Анксиозноста не е единствениот предизвик за кој медитацијата помага
Студијата објавена во Американскиот журнал за медицински сестри во 2011 година покажала дека осумнеделната програма за mindfulness е исто толку ефикасна како и антидепресивите за спречување на релапс на депресија. Различни програми за медитација може да бидат соодветни за помагање во лекувањето на депресија и АДХД, меѓу другите состојби.