Како ќе започне вашата утринска рутина е навистина од големо значење. Во последно време се повеќе луѓе стануваат повнимателни при начинот на започнување на денот.

Едно истражување од 2019 година, покажало дека 36% од луѓето го започнуваат денот со медитација. Утринската медитација може да помогне да се зајакне фокусот веднаш штом ќе се разбудите, а можеби дури и да го намали нивото на стрес во текот на денот.

Секојдневното практикување на медитација може да има многу ментални и физички здравствени придобивки

 

Тргнувајќи од овие факти, доколку прво нешто што го правите наутро е медитација, тоа со сигурност може да ви помогне да поставите фокус за остатокот од денот и полесно да се вратите на секојдневието.

Утринската медитација може да ви помогне на неколку начини

 

  • Ако имате тенденција да чувствувате утринска вознемиреност за остатокот од денот и стрес за вашата листа на задачи штом ќе се разбудите, обидете се да медитирате наутро и видете како тоа ќе влијае на остатокот од денот.

 

  • Утринската медитација може да ја подобри вашата способност да управувате со стресот и анксиозноста подоцна во текот на денот. Тоа е затоа што медитацијата може да ја намали реактивноста на амигдалата, која е дел од мозокот одговорен за вашиот одговор на стрес.

Истражувањата покажуваат дека само 10 минути медитација на ден може да го зголеми расположението и да го намали нивото на стрес

 

  • Со започнување на денот со утринска медитација, може веднаш да почувствувате подобрување на расположението, а доколку се придржувате до оваа рутина секое утро, придобивките може да се пренесат на поголем дел од вашиот живот.

 

  • Искуствата и истражувањата покажуваат дека утринската медитацијата може да го зголеми нивото на фокус и да ја зголеми продуктивноста. Иако овие придобивки можеби нема да се почувствуваат веднаш, дневната утринска медитација може да ве направи поефективни на работа со текот на времето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *