1. ГО НАМАЛУВА ЕФЕКТОТ НА СТАРЕЕЊЕ

Витаминот Ц ја помага синтезата на колагенот. Колку повеќе колаген, толку помалку брчки. Колку помалку колаген, толку повеќе триење на коските и зглобовите, што предизвикува јака болка и артрит.

2. ИГРА ЗНАЧАЈНА УЛОГА ВО ЗАРАСНУВАЊЕТО И  ОПОРАВУВАЊЕТО

Порано многу болести биле третирани само со терапија со витамин Ц. Некои од нив се: сипаници, тетанус, заушки, полио вирус…

Заради регенерацијата на колагенот во коските, зглобовите и кожата овој витамин благотворно делува на зараснувањето на повреди и рани.

3. ГО ОЛЕСНУВА ПРОЦЕСОТ НА СЛАБЕЕЊЕ

Оние луѓе со ниско ниво на витамин Ц во организмот, докажано имаат потешкотии во намалувањето на вишокот масти.

4. ТЕШКО Е ДА СЕ ПРЕДИЗВИКА ПРЕДОЗИРАЊЕ СО  ВИТАМИН Ц

Витаминот Ц е водорастворлив и внесениот вишок се очекува да се исфрли со уринирање. Но тоа не важи за пациентите со оштетување на бубрезите. Поради елиминирање на ризикот советувајте се со вашиот лекар или фармацевт во врска со дозирањето. Еден од честите несакани ефекти при предозирање е дијареата.

5. НЕ ТРЕБА ДА СЕ КОМБИНИРА СО СИТЕ ЛЕКОВИ

Одредени лекови како што се некои хормони, лекови против болки, лекови против згрутчување на крвта и атидепресиви, не би требало да се комбинираат со витамин Ц или паралелната терапија треба да биде под надзор на лекар/ фармацевт.

Поголем внес на витамин Ц може да ги засили ефектите на естрогенските хормони, лековите против болка (парацетамол), и тироидните хормони, а да ги намали ефектите на лековите против згрутчување на крвта. Доколку некои од овие лекови се во вашата стандардна хронична терапија, известете го стручното лице. Покрај позитивните ефекти, ова потенцирање на дејството може да се однесува и на несаканите ефекти.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *