Кога ќе се внесе во организмот Витамин Д е подложен на метаболизам за да може да се претвори во неговата активна форма. Активна форма на Витамин Д или Calcitriol е одговорна за позитивниот ефект на здравјето. Така Calcitriolе е оној кој што се врзува со витамин Д рецепторите, распространети во голем дел од телото.
Во поново време се повеќе се проучува нивото на Витамин Д во серумот и неговата поврзаност со голем број на здравствени состојби.
Како ризик фактори од негов недостаток се напоменуваат темна кожа, престој во затворени простории, употреба на креми со заштитен фактор, гојазни пациенти, возраста, несоодветен начин на исхарана итн. При тоа во текот на зимниот период недостаток на Витамин Д е поизразен.
Недостатокот од овој витамин е карактеристичен за повеќе состојби на организмот како респираторни заболувања и инфекции, деменција и депресија, скелетен систем, тешко зараснување на постоперативни рани итн. Па така можноста за појава на инфаркт во текот на зимата при недостаток за Витамин Д се зголемува за два пати.
Овој витамин е липосолубилен, што значи дека подобро се ресорбира со масна храна. Екцесот на масното ткиво може да ја намали биорасположливоста на Витамин Д дури за 57%. Затоа кај пациенти кои имаат вишок на масно ткиво се препорачуваат поголеми дози на Витамин Д.
Препораките од Американските и Канадските институти е дека секојдневната употреба на Витамин Д (дури и во дози до 4000IU) во облик на додатоци во исхраната е значителнo битно за заштита на сечие здрвје.