Несоница – најголем непријател на ноќта и непреченото фукционирање во текот на денот. Постојат три вида и тоа:

минлива (најчесто една седмица), акутна (краткотрајна) и хронична (долготрајна) инсомнија.

Најчести причини за појава на овој проблем лежат во:

  • изложеноста на стрес;
  • работа во смени;
  • депресија и анксиозност;
  • врева;
  • премногу кафе, алкохол или цигари (никотин);
  • неудобен кревет;
  • светла или премногу ладна/ топла соба;
  • конзумирање дрога (кокаин);
  • некои лекови;
  • јet lag предизвикан од патување со авион;

Други болести: oпструктивна белодробна болест, канцер, панични напади, посттрауматски стрес, хронична болка….

Подолготрајниот проблем со спиење покрај неволност, прaвење грешки и слаба меморија, може да резултира и со последници од типот на покачен крвен притисок и депресија. Дополнително, зголемен е ризикот и за развивање на дијабетес тип 2, обезност и миокардијален инфаркт. Одредени истражување покажуваат зголемена стапка на смртност кај пациенти со хронична несоница.

Во светки рамки процентот на луѓе кои имаат проблем со сонот, генерално се искачи до 30 %. Но во поново време постојат повеќе опции за справување со овој проблем: психотерапија, менување на навики , хербални лекови или во тешки форми на инсомија и медицински препарати. Она што е клучно при пристапот е трпението и придржувањето на советите дадени од стручното лице( доктор, психолог или фармацевт).

Сонот е половина здравје! – бенгалска поговорка

Kако до решение на проблемот со несоница?

Различните форми на инсомнија бараат поинаков третман. Кај хроничната форма најчесто се оди со психотерапија, додека пак кај акутната форма може да се вклучат медицински средства меѓу кои спаѓаат и хербалните лекови и граничните производи како што е CBD-то.

Психотерапија

Ваквиот тип на терапија опфаќа: психоедукација, одржување на хигиена на спиење, релаксирачки тренинзи, рестриктивна терапија на спиење, терапија со разговор и слично. Генерално овие методи опфаќаат пратење на часовникот- станување и легнување во исто време, организирање на денот, тренинзи во текот на денот, долги прошетки, следење на спиењето преку посебни програми или паметни часовници, прилагодување на условите (топла и темна соба со удобен кревет), медитација пред спиење, прескокнување на дневните дремки… Голем број на студии ги имаат докажано придобивките од овој тип на терапија, но кај одредени пациенти е потребен и дополнителен третман, пр. вклучување медицински средства и хербални лекови.

CBD (канабидиол)

Кога сме кај граничните хербални произоди, не можеме да не да го споменеме CBD маслото и неговото докажано дејство кај инсомнијата. Како негова предност се нагласува брзото дејство (15-30 минути) и непреченото фукцинирање во текот на следниот ден. Тоа значи дека не постојат ефекти на поспаност како кај другите лекови кои се користат кај инсомија, а истите би го попречиле нормалното функционирање во текот на следниот ден (возење автомобил, мисловни процеси, концентрација…)

Важно е да се нагласи дека не предизикува зависност.

И бројките и процентите од истражувањата одат во корист на гореспоменатите факти. Една студија покажала дури 66,7 % подобрен квалитет на сон кај пациенти со инсомија кои земале масло од CBD пред спиење во рок од 1 месец и дополнителни 56% подобрување во следниот (вториот месец).

CBD препаратите се револуцинерен пристап кој допрва почнува да го зазема местото кое навистина го заслужува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *