Omega 3 масните киселини се од исклучителна важност за развој на фетусот, но и за благосостојбата на трудницата. Суплементација со овие киселини во тек на бременоста го намалува ризикот од предвремено породување и раѓање на бебиња со ниска родилна тежина.
Докосахексаеноична киселина (DHA) е значајна компонента на мембраните во ретината и мозокот
така што помага во оптимален невролошки и визуелен развој кај фетусот, а понатака и кај новороденчето. Истражувања покажуваат дека децата (7-10 год) чии мајки не земале omega 3 суплементи во текот на бременоста, покажуваат послаби моторни, социјални и комуникациски вештини, па дури и понизок IQ.
Суплементите кои содржат рибино масло и Omega 3 киселини, а се земаат во тек на бременоста и доењето, го намалуваат ризикот од појава на алергии, атопичен дерматит и егзем кај бебињата, особено кај оние кои оваа предиспозиција ја наследиле од своите родители.
Главните придобивки на омега-3 масните киселини, конкретно за трудниците се: превенција од преекламсија и намалување на ризикот од постпородилна депресија и анксиозност.