Во основа недостаток на било кој витамин не е препорачлив и затоа превенција преку соодветната суплементација е од особено значење.
Здравјето е непроценливо богатство за секој поединец.
Постојаните промени кои не опколуваат имаат влијание на квалитетот на нашиот живот, а со самото тоа и на нашата енергија, нашата мисла, нашата ефикасност.
Витаминот Д – Еден од најзначајните нутриенти за телото.
Неговиот недостаток може да доведе до одредени несакани состојби. Неговиот внес на дневно ниво е од огромно значење. Како што знаеме, витамин Д учествува во зголемување на ресорбцијата на калциум, па од таму и потребата дека кај жените во постменупаузалниот период секојдневно да се внесува.
Докажано е дека витамин Д влијае и на расположението.
Кај оние индивидуи кај кои има недостаток на витамин Д забележано е зголемен развој на депресивни состојби. Витамин Д влијае и на имунитетот, па така е неопдходен и кај пациенти со намален имунитет или кај пациенти со автоимуни заболувања.
Голем број од рецепторите на овој витамин или попознати витамин Д рецептори се наоѓаат во мускулите, па од особено значење е превентивната употреба особено кај возрасната популација. Мускулатурата кај повозрасните пациенти со тек на годините ослабнува, а со самото тоа доаѓа и до зголемување на шансите од пад и појава на сршеници. Освен физичката активност која е круцијална кај овие пациенти, внесот на овој витамин превенира од несакани состојби по здравјето.
Извори на витамин Д се храната, “Сонцето” и суплементацијата со додатоците во исхраната.
Храната која е богата со витамин Д е ограничена. Го има во рибите лосос, туна, сардини, исто така го има во говедско месо, жолчка од јајца итн.
Зошто велиме дека задоволување на дневните преку исхраната се ограничени?
Едноставно, многу е потешко да се задоволат дневните потреби, заради тоа што е потребно да се внесуваат многу големи количини од оваа храна богата со витамин Д, што практично е потешко. Во најголемиот дел од годината нашето тело е заштитено од Сонце. Дури и во летниот период се криеме од Сонцето, употребуваме креми со заштитен фактор, седиме во затворени климатизирани простории што го отежнува самосоздавањето на витамин Д во кожата.
За да се создаде активна форма на витамин Д во телото потребно е да го изложуваме нашето тело секојдневно на Сончеви зраци подолг временски период.
Сите овие моменти се значајни да се земат во предвид доколку си го поставуваме прашањето дали е потребна суплементација со витамин Д и текот на летото. Ова е доста поставувано прашање од страна на пациентите.
Исто така советуваме доколку имате недоумица, најдобро би било да ги проверите нивоата на витамин Д во крвта и во текот на летниот период, за да бидете сигурни во однос на употребата на витамин Д.
Повеќе за Ominuk Vitamin D прочитајте овде.
Здравјето заслужува повеќе!