Eдна од главните post-Covid компликации е аносмијата (целосен или делумен губиток на мирис), со кој се соочуваат голем број на пациенти. Нова oпција за третман на оваа последица е користењето на Омега 3 суплементи.

Во оваа насока почнало да се размислува благодарение на искуствата на пациенти со слични проблеми, конкретно губиток на мирис поради операција на мирисниот нерв или од непозната причина.

Главната причина за намалување на сетилото за мирис е оштетување на олфакторниот (сензорен) нерв и неговата мукоза, најверојатно предизвикано од воспалителни процеси. Крајниот резултат е прекин на конекцијата и преносот на дразби до центрите во мозокот.

Омега 3 масните киселини делуваат противвоспалително. Тоа подразбира заштита од понатамошно оштетување, но исто така и побрзо заздравување на нервот. Дополнително го подобруваат транспортот на дразби.

Она што е со сигурност докажано е дека пациентите кои ги земале овие суплементи со високо ниво на EPA и DHA, имаат помала шанса од развивање на аносмија како последица од инфекција со COVID 19. Доколку веќе настанала аносмија и трае 2 недели, се препорачува започување со Омега 3 суплементација.

Дополнителен совет за побрзо обновување на способноста на сетилото за мирис е т.н. олфакторен тренинг. Toj опфаќа инхалирање на миризби од контејнери со кафе, цимет, каранфилче и лаванда во траење од 10 минути, секој ден, 14 дена од појава на симптомите. Експерименти покажале тотално опоравување на 30тиот ден од тренингот. Според моменталните податоци кои ги имаме се очекува скратување на овој период кај пациенти кои примаат Omega 3 масни киселини.

Omega 3

Од сите пет сетила, мирисните дразби остануваат најдолго во меморија, а Omega 3 суплеменитите отсекогаш важеле за значаен сегмент во зачувување на истата, што ја комплетира целата оваа приказна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *