Бременоста е еден од најсложените периоди од животот на жената, бидејќи тогаш се зголемуваат потребите од скоро сите микроелементи, кои продолжуваат и за време на доењето.
Дневните потреби за одредени хранливи материи за време на доењето се дури и поголеми отколку во бременоста, на пример: витамин А и витамин Ц, цинк, јод и селен.
За време на бременоста значително се зголемени потребите од тироидните хормони. Во тој период тироидната жлезда на мајката треба да обезбеди оптимални количини на тироидни хормони за нормален раст на фетусот, кои се скоро два пати поголеми во однос на состојбата пред бременоста.
Недостаток на јод во организмот за време на бременост и за време на доењето (поради тоа што значителни количества на јод се елиминираaт со млекото) предизвикуваат хипотиреоза кај мајката.
Штитната жлезда која слабо работи може да се активира со помош на правилна исхрана (со намирници богати со јод, цинк и селен).
Витамините и минералите се хранливи материи кои можат да помогнат во борбата против главните причини за болести на тироидната жлезда, да ја подобрат и дисфункцијата на тироидната жлезда кај автоимуни воспаленија (Хашимотов тироидитис).
Симптоми на хипотиреоза, кои во исто време се и симптоми на дефицит на цинк и селен се:
- исцрпеност и хроничен умор
- честа нервна напнатост
- слаба концентрација и заборавеност
- опаѓање на косата
- крти нокти кои пукаат и се лупат
- сува и дехидрирана кожа
- нарушен менструален циклус
- намалено либидо
Цинкот и селенот имаат бројни придобивки за здравјето. Ја подобруват работата на тироидната жлезда.
Цинкот е потребен за претворање на Т4 (тирoксин) во Т3 (тријодтиронин). Поради позитивното влијание врз репродуктивното здравје суплементите на база на цинк и селен се користат како дел од терапијата во борба против неплодноста.
Брзото темпо на живот не секогаш ни дозволува да се храниме со намирници неопходни за здрава тироидна жлезда (риба, морски плодови, јаткасти плодови), поради тоа неопходно е користење на суплементи со цинк и селен со оптимални концентрации.
Селенот во прекумерни дози (повеќе од 400 mcg на ден) може да биде токсичен.
Во организмот цинкот се складира во многу мали количини, па затоа е потребно дополнување со додатоци на исхрана. Пациентите со хипотиреоза кои примаат терапија левотироксин (Еутирокс) не треба во исто време да ги пијат и суплементите со цинк (да постои растојание од 2-3 часа), бидејки цинкот се врзува за лекот и на тој начин ќе ја намали неговата абсорпција.