И ова лето е пред нас, сигурно сите со нетрпение очекувате да уживате во потоплите денови. Но, имајте на ум дека високите надворешни температури влијаат на нашата општа благосостојба.

Нашето тело има развиено неколку механизми за регулирање на температура во лето, а потењето е еден од нив. Кога потта испарува, таа ја намалува температурата од нашата кожа.

Mинералите и витамини кои се неопходни за одржување и регулирање на телесната температура се:

Електролити кои особено во лето се губат кога се потите. Електролитите се минерали во крвта и другите телесни течности кои носат електричен полнеж. Тие влијаат на количината на вода во нашето тело, киселоста на крвта (pH), функцијата на мускулите и други важни процеси. Губењето на електролити поврзано со прекумерното потење може да доведе до топлотни грчеви (грчеви во мускулите на нозете) и топлотна исцрпеност.

Калиум – од витално значење за кардиоваскуларното здравје. Важно е да знаете дека пиењето големи количини на засладени пијалоци исто така може да го осиромаши калиумот. Калиумот е витамин растворлив во вода кој се излачува во урината и столицата. Мора да се внесува секојдневно во нашата исхрана за да се задоволат потребите во организмот. Вообичаените знаци на недостаток на калиум вклучуваат грчеви во нозете и намалена енергија.

Магнезиум кој помага при регулирање на телесната температура. Тој е суштински минерал и е потребен за повеќе од 300 биохемиски реакции во телото. Намаленото количество во организмот може да доведе до здравствени проблеми.

Повеќе од половина од магнезиумот во нашето тело се складира во коските, а остатокот во различни ткива низ телото. Вклучен е во многу витални функции на телото. Тој е потребен за здрав нервен систем, за непречена кардиоваскуларна работа, за силни коски и правилно функционирање на белите дробови и мускулите. Освен тоа, магнезиумот помага во регулирање на шеќерот во крвта и крвниот притисок, ги шири крвните садови, учествува во метаболизмот на многу ензими и игра витална улога во метаболизмот на калциумот во телото.

Ефектите на магнезиумот се зголемуваат со витамините од Б групата, особено витаминот Б6.

Знаци на недостаток се замор, болки и грчеви во мускулите, несоница, главоболка, вртоглавица, немир, раздразливост. Ако нарушувањата во функцијата на срцето и концентрацијата не престанат, тоа може да биде знак за недостаток на магнезиум во телото.
Во топлите денови неизоставен дел од нашата исхрана треба да бидат намирници кои содржат магнезиум како што се: бананите, авокадото, лиснатите зеленчуци и јаткастите плодови и семиња. Од сите овие намирници особено се издвојуваат: семките од тиква, сончоглед и сусам, спанаќ и блитва, индиските ореви, бадемите, лосос, туна, какао и меласа. Во овошјето пак најмногу магнезиум има во смоквите, папајата и грејпфрутот.
Возрасните треба да земаат помеѓу 300 и 400 милиграми магнезиум дневно за да ги задоволат своите потреби. Зголемена побарувачка за магнезиум се јавува за време на доењето, кај децата во раст и кај постарите лица, но и на млада возраст неговото отсуство може да предизвика немир и промени во расположението.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *