Менопауза и постменопауза се едни од најважните периоди во животот на една жена кои носат бројни физиолошки промени што трајно го менуваат нејзиниот живот. Менопаузата се дефинира рестроспективно како времето на последниот менструален циклус после кој следат 12 месеци на аменореа (отсуство на менструални циклуси). Перименопауза се карактеризира со појава на ирегуларни менструални циклуси, пролонгирани и обилни крварења, периоди на аменореа, вазомоторни симптоми и несоница. Постменопауза е периодот кој следи после последниот менструален циклус.
Не го цениме целосно природниот хормон естроген додека не го снема. Овој скромен хормон е од суштинско значење за одржување на здравјето низ целото женско тело . Постменопаузалните симптоми првенствено се припишуваат токму на намаленото ниво на циркулирачки естроген. Симптомите како иритабилност, промени во расположението, несоница, појава на “жешки бранови”, збунетост, уринарна инконтиненција, остеопенија и остеопороза, депресија, главоболки, вазомоторни симптоми несоница се дел од синдромот познат како постменопаузален синдром.
Жените во пери – и постменопауза се изложени на посебен ризик од нарушувања на расположението. Околу 90% од нив страдаат од ментални нарушувања, кои се манифестираат како ненадејни промени во расположението, справување со проблеми со секојдневниот стрес, слаб дух, замор, нервоза, раздразливост, слаба концентрација, полоша меморија, соматски поплаки без одговор на третман и целосна депресија. Топлите бранови се главната причина зошто жените бараат нега во менопаузата.
Урогениталната атрофија резултира со сувост на вагината и чешање, диспареунија, дизурија и уринарна итност.
Една од поважните состојби кои се јавуваат во постменопаузалниот период е остеопенија-остеопороза. Околу соодветната суплементација за оваа состојба ќе може да прочитате на нашиот следен блог пост.