Анксиозност е чувство на нелагодност. Може да се движи од благ до тежок степен и вклучува чувства на загриженост и страв. Паничниот напад е најтешката форма на анксиозност.

Нападот на паника или анксиозност може да биде многу застрашувачки и вознемирувачки. Повеќето напади на паника траат помеѓу 5 и 20 минути. Некои од нив може да траат и до еден час.

СИМПТОМИТЕ ВКЛУЧУВААТ:

  • забрзано чукање на срцето
  • чувство на несвестица
  • потење
  • отежнато дишење
  • треперење
  • чувство на гушење
  • вкочанетост
  • чувство на страв или страв од умирање
  • трнење во прстите
  • чувство како да не сте поврзани со вашето тело

КАКО ДА ПОСТАПИШ ДОКОЛКУ ДОЖИВУВАШ ПАНИЧЕН НАПАД?

  • Дишете полека и длабоко – за вежби за дишење кликнете тука. Останете таму каде што сте, но отстранете ја причината на нападот и потсетете се дека нападот ќе помине.
  • Измијте се со ладна вода (докажано го намалува ритамот на срцето и делува спротивно на симпатикусот кој е интензивно активиран при нападот).

ДОЛГОРОЧНА СТРАТЕГИЈА НА СПРАВУВАЊЕ СО ПАНИЧЕН НАПАД

  • Јадете редовни оброци за да го стабилизирате нивото на шеќер во крвта.
  • Избегнувајте кофеин, алкохол и пушење – истите може да ги влошат нападите на паника.
  • Правете вежби за дишење. Во една студија, објавена во 2017 година, 40 луѓе се приклучиле или на терапевтска група, која практикувала длабоко или дијафрагматско дишење, или на контролна група. По 20 интензивни тренинзи, оние кои вежбале длабоко дишење забележале подобрувања на емоционалната благосостојба и способноста да се справат со паничниот напад.
  • Когнитивната бихејвиорална терапија (КБТ) може да ги идентификува и промени  шемите на негативни мисли што ги потхрануваат вашите напади на паника.
  • Дополнително медитацијата, визуелизацијата и окупирање на умот може да помогнат.
  • Разговарајте со вашиот доктор , психолог или близок пријател за истото.
  • Консултирајте се со стручно лице за суплементарна терапија со Maгнезиум и масло од CBD.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *