Недостатокот на магнезиум во телото ги потенцира веќе постоечките симтоми на депресија. Доколку се започне со соодветна суплементација, кај овие пациенти се забележува значително повлекување на симптомите веќе по само една седмица користење, со понатамошно подобрување во тек од 3 седмици.
Магнезиум е активатор на ензими и транспорт на јони одговорни за правилна работа на мозокот, намалувајќи го оксидативниот стрес и заштитувајќи го мозокот од оштетување.
Благодарение на овие својства магнезиумот се покажал ефективен во превентива на појава на постпородилна и постменопаузална депресија. Земен заедно со антидепресиви, магнезиумот го потенцира нивниот ефект и ја намалува резистенцијата на долготрајната антидепресивната терапија.
Овој минерал претставува достапен, исплатлив и безбеден начин на подобрување на одговорот на терапијата за повеќе видови депресија.
Одличен додаток на оваа комбинирана терапија е и триптофанот- аминокиселина, прекурсор на серотонинот (хормонот на среќа). Механизмот на триптофанот и стандардните антидепресиви е сличен – крајниот продукт е покачување на нивото на серотонин и подобрување на расположението.
Телото не е способно само да создава триптофан, така што тој мора да се внесе преку храна (јајца, јатки, месо) или посоодветно преку комбинирани формулации на аминокиселини со минерали и витамини.
Еден од главните витамини е витаминот B 6 како главен фактор за премин на триптофанот во серотонин.
Пронајдeте ја вашата формула за серотонински ,,скок” бидејќи здравјето заслужува повеќе!