Селен е минерал кој му е прекупотребен на човечкиот организам. Претставува есенцијален минерал во трагови, кој има фундаментално значење за нашето тело. Спаѓа во групата на олигоелементи.

Утврден е дефицит на Селен во организмот при одредени заболувања, па затоа суплементација со Селен и во повисоки дози во тие состојби може да го унапреди и заштити здрвјето на човекот.

Забележена е тенденција во намалување на серумските нивоа на Селен во одредени региони на Европа и тоа е причина да континуирано се препорачува негова суплемнтација.

Селенот претставува градбедна единка на селенопротеините. Како таков покрај тоа што учествува во нивната градба, тој има улога и на ензим, па дејствува како антиоксидант и катализатор за продукцијата на активни тироидни хормони.

Недостатокот на Селен има негативно влијание на имунитетот.

Се смета дека Селенот има клучна улога во допринесот за одредени вируси во организмот, односно при негов дефицит се истакнува развојот на овие инфекции. Па така при недостаток на Селен вирусот се активира и станува вирулентен, предизвикувајќи срцеви оштетување, понатаму инфлуенца вирус предизвикува посериозни белодробни симптоми, а исто така HIV прогресира многу побрзо во СИДА.

Докажано е дека има улога и во созрезавање на спермата и на тој начин влијае и на подобрубавње на репродукцијата и плодноста. Може да влијае и на разположението. Статусот на Селен во организмот се поврзува и со состојби на оксидативен стрес и инфламиции.

Се поголем број на докази укажуваат на фактот дека употреба на високи дози на Селен го намалуваат ризикот од појава на рак.

Најчестиот негов внес е преку храната, но во последно време се повеќе се зголемува свеста на луѓето за неговата улога во телото и се зголемува суплементацијата преку додатоците.
Особено е препорачливо доколку пациентите практикуваат неправилен начин на исхрана, се пушачи итн.

Здравјето заслужува повеќе!

За изворот на информациите кликнете тука.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *