Машкото здравје сеуште е табу тема, особено меѓу младите. Младите индивидуи и не разговараат, не ги пренесуваат своите проблеми. Поврзани со машкото Его или потиснати од околината, најчесто не превземаат одговорност и ги одбегнуваат лекарските прегледи како и препораките за здравјето.

Сперматогенеза е процес на создавање и созревање на машки гамети – или познати како сперматозоиди. Тие се создаваат во семените каналчиња (тестиси). Овој процес е регулиран од нервниот систем и од хормоните. Се создаваат на специфична температуа од 34-35С. Трае околу 90 дена, период кој се смета дека е оптимален и за обновување при одредени оштетувања.

Сперматозоидите се одговорни за оплодување на женската јајце клетка, како и за пренос на генетскиот материјал на ембрионот. Затоа може да забележиме дека здравите машки гамети се од големо значење и во поново време претставуваат голем проблем во подобрување и зголемување на наталитетот.

Голем број на фактори може да влијаат на нарушување во прецесот на создавање на здрави сперматозоиди. Нездрав начин на живот се смета за еден од главните причини.

Алкохол, цигари, дрога, нездрав начин на исхрана, стрес се само дел од причините. Сексуалните клетки се особено осетливи на овие влијанија и може да доведат до намалување на плодноста или во краен случај до неплодност.

Како основни препораки за заштита на машкото зравје, покрај здрав начин на живот и здрав начин на исхарана се избегнување на тесна облека која би можела да ја попречи циркулацијата или да ја зголеми температурата, честа посета на сауни и бањи, долга употреба на лекови како антибиотици, антихистаминици или хормонална терапија.

Суплементарна терапија за заштита на сексуалното машко здравје исто така е основно. Антиоксидантите можат значително да допринесат за продукција на квалитетна сперма и се препорачуваат со секојдневната превенција.

Особено е значајно да е употребува Селен, Цинк, Витамини А, Б, Ц и Е. Сите овие микронутриенти се основни и допринесуваат за заштита на целокупно здрвје кај мажите, особено на нивното сексуално здравје.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *