Рибиното масло кое го внесуваме поради омега-3 масни киселини е еден од најмоќните суплементи.

Кога стануваат збор маснотиите, постои еден тип што не сакате да го намалите – омега-3 масните киселини. Омега-3 масните киселини се појавуваат во три форми, EPA и DHA коишто првенствено се наоѓаат во одредени риби и ALA (алфа-линоленска киселина) којашто се наоѓа во растителните масла, ореви и семиња.

Не само што вашето тело има потреба од овие масни киселини за да може добро да функционира, туку и истите може да помогнат и да придонесат во третманот на многу здравствени состојби и болести. Кои се тие?

Зголемени триглицериди

Додатоците од рибино масло може да ги намалат покачените нивоа на триглицериди. Имајќи високо ниво на триглицериди во крвта може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.

Ревматичен артритис

Додатоци на рибино масло (EPA и DHA) може да ја спречат вкочанетоста и болките во зглобовите. Омега-3 додатоците, исто така, ја зголемуваат ефикасноста на анти-инфламаторните лекови.

Депресија

Некои истражувачи откриле дека луѓето кои јадат храна со високо ниво на омега-3 масни киселини имаат пониски нивоа на депресија. Рибиното масло, исто така, се чини дека ги зајакнува ефектите на антидепресивите и може да помогне во намалувањето на на депресивните симптоми на биполарно растројство.

АДХД

Некои студии покажуваат дека рибиното масло може да ги намали симптомите на АДХД кај некои деца и да ги подобри нивните способности, како што се размислување, помнење и учење.

Најважните природни извори на Омега-3:

ДХА и ЕПА

Природната Омега-3 од риба е богат извор на ДХА (докозахексаеноична киселина) и ЕПА (еикозапентаеноична киселина) – најважните масни киселини во семејството на Омега-3, бидејќи создава врски помеѓу клетките во целото тело и клучните компоненти во мозокот, срцето итн.

Во последниве децении се објавени многу научни трудови кои ја покажуваат улогата на ДХА и ЕПА во виталните функции како што се церебралната функција, циркулацијата, централниот нервен систем, видот итн.

Витамин Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *