Остеопорозата е најчестото заболување на денешницата. Се смета и за епидемија во новиот век и е најчестата причина за појава на скршеници кај постари лица. Милиони луѓе секојдневно се борат со оваа болест.

По дефиниција осеопорозата е намалување на густината на коскената маса, што иницира дека е болест од која страда целиот коскен систем. Од триесетатта година на животот па натаму кај луѓето почнува да се намалува постепено количината на коскеното ткиво во коските. Појавата на осеотпороза е значително позастапена кај жените од колку кај мажите. Особено по менопаузата, што е резултат на намалување на нивото естрогени хормони во организмот на жените во тој период од животот. Како причина за појава на ова заболување може да биде и друга болест како алкохолизам, анорексија, хипотиреодизам, бубрежна болест и хируршко одстранување на јајници. Пушењето и малата физичка активност исто така се ризик-фактори.

Клучно во заштитата на коскениот систем e секојдневниот внес на калциум и витамин Д.

Правилниот внес на овие две компоненти е императив во спречување на ширење на оваа појава. На тој начин се зголемува густината на коските. Но исто така најновите студии покажуваат дека балансиран внес и на други витамини и минерали се доста важни во метаболизмот и целосната заштита на коските.

Секако внесот на витамин Д започнува уште кога бебето се раѓа. На тој начин се овозможува правилен раст и развој на детето, што подоцна овозможува заштита од појава на голем број заболувања. Но, секако сите препораки водат кон тоа да и понатаму низ животниот век се продолжи кон превенција и заштита на здравјето. За сето ова, потребен е континуитет во балансиран внес на исхрана и нејзини додатоци, редовна физичка активност, избегнување на пушење и алкохол како најчести ризик фактори за голем број заболувања. Потребна е едукација на децата за правилната и здрава исхрана, што ќе овозможи еден фундамент за начинот на исхрана во текот на целиот живот, а при тоа ќе допринесе за здрав и енергичен организам. Истакнување на значењето на секојдневната физичка активност и бенефитите од истата, како за физичкото така и за психичкото здрвје.

Освен витамин Д и калциум, потребен е внес и на витамин К2, витамин Ц, магнезиум, цинк, бакар.

Oвие витамини се дел од нутриентите кои се потребни за генерирање соодветна густина на коските. Постојат дневно препорачани дози, кои варираат во однос на возраста. Густината на коските се зголемува до триесетата година од животот. Затоа овој период е особено значаен за поставување на стабилен коскен систем.

Остеопорозата или намалената густина на коските е подлога за фрактури на коските. Голем дел од скршениците во подоцнежните години резултираат со фатален исход. На пример постојат статистики дека кај 20% од скршениците на колк завршува со смрт. Овој процент се зголемува пропорционално со зголемување на возраста, а една третина остануваат со траен инвалидитет. Особено подложни на вакви последици е возрасната популација над 50 годишна возраст.

Остеопорозата е позната како тивкиот убиец на коските, а може да се превенира или да се намали нејзиниот прогрес преку соодветна терапија кое претпочита зголемување на густината на коските.

Омникум Остео e специјално креирана формула која е сеопфатна и е наменета за одржување на силни коски, заби и флексибилни мускули.

На тој начин обезбедува и правилна минерализација на вашите коски и превенира од појава на болести.

Повеќе информации за Омникум Остео прочитајте тука 

Купете во PlusPharma аптеките!

Здравјето заслужува повеќе!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *