Омега 3 масните киселини не се синтетизираат во организмот па според тоа тие мора да се внесуваат преку исхраната.
Постојат 11 типови на омега 3 масни киселини, но од нутритивна гледна точка најважни се ALA (алфа-линоленска киселина), EPA (еикозапентаноична киселина) и DHA (докозахексаноична киселина). Алфа линоленската киселина е најзастапена во продуктите од растително потекло, но во организмот за да има значителна функција потребно е нејзино претворање во EPA или DHA. Многу мала количина од ALA преминува во EPA, а уште помала количина во DHA. Во поголема количина е застапена во спанаќ, чија семе, ленено семе.
Омега 3 масните киселини се синтетизираат во микроалги, кои од друга страна се храна за планктони. Планктоните се храна на рибите и од тука Омега 3 масни киселини се складираат во нивното тело. Омега 3 масните киселини се застапени само во рибите кои се хранат со овие планктони, а тоа се: лосос, скуша, сардини, пастрмка, харинга, туна итн.
Во поново време студиите покажуваат повеќекратно дејство на EPA и DHA во организмот на човекот. Пред се тие се градбени единки на простагландините, кои извршуваат голем број на функции во телото, вкучувајќи ја и синтезата на хормони и регулацијата на имуниот одговор, како една од поважните.
Омега 3 масните киселини се особено важни за кардиоваскуларниот систем, го намалуваат нивото на триглицеридите, ги намалуваат воспаленијата, исто така позитивно влијаат кај алергии и псоријаза.
Омега 3 масните киселини го подобруваат менталното здравје и се препорачуваат за депресија, алцхајмер, паркинс и други заболувања поврзани со деменција на мозокот. EPA нашето тело ја користи да произведе молекули наречени еикозаноиди, кои од своја страна учествуваат во бројни физиолошки процеси. Основата функција им е да ја намалат инфламацијата или воспалението. Докажано е дека антиинфламторната активност на EPA е тесно поврзана и со појавата на депресија. Внесот на омега 3 секојдневно може да превенира од појавата на психози.
Омникум Омега 3 е продукт кој Ви овозможува балансиран внес на EPA и DHA на дневно ниво. Омникум Омега 3 содржи рибино масло – 1400 mg од кои EPA (Eicosapentaenoic acid) – 504 mg и DHA (Docosahexaenoic acid) – 378 mg, како и Витамин Е – 2 mg.
Долгорочната и правилна употреба на овој суплемент ги надополнува дневните потреби од Омега 3 масни киселини и при тоа го штити Вашиот организам од сите горенаведени состојби.
За да можете да внесувате доволна концентрација на Омега 3 масни киселини потребно често да внесувате големи количини на морски риби од ладните води, што може да резултира со акумулација на жива во вашето тело. Омникум Омега 3 е суплемент кој Ви овозможува внес на изолирани на EPA и DHA без остатоци од тешки метали. Ви го препорачуваме за внес уште додека бебето е во утробата на мајката.
Повеќе информации за Омникум Омега 3 прочитајте тука
Купете во PlusPharma аптеките!
Здравјето заслужува повеќе!