Научно е докажано дека стресот предизвикува замор, забрзано и кратко дишење и немирен стомак. Во состојба на стрес се губи желбата за работа, мотивацијата, исто така видливи се знаците на анксиозност и депресија, панични напади, тага, намалување на квалитетниот сон и слично.

При стресна состојба се активира т.н. fight-or-flight механизам. Овој механизам помага да се заштитиме од неповолната ситуација преку зголемено лачење на стрес – хормоните.

Од друга страна, прекумерната изложеност на овие хормони, резултира со хроничен стрес и може да има многу опасни последици за нашиот организам. Преку научните истражувања се сретнуваме со голем број препораки за надминување на сите овие промени. Најчести совети се спорт и правилна исхарана, медитација, јога, фокус на позитивни мисли и аспекти од животот.

Оксидативниот стрес е нерамнотежата помеѓу слободните радикали кои содржат непарна бројка на кислород и антиоксидантите. Слободните радикали се доста реактивни и може да стапат во интеракција со било која молекула од организмот, се со цел заситување на непарниот кислород.

Од друга страна антиоксидантите се молекули кои можат да донираат електрони на слободните радикали, а при тоа остануваат стабилни. Оксидативниотивниот стрес е карактеристичен во периодот на стареење, стресни ситуации, пушење, алкохол, инфекции и.т.н. Сето ова е причина за намалување на имунитетот.

Цинкот и Селенот се елементи во трагови кои што играат важна улога во имуниот систем и одбраната при оксидативниот стрес, следствено е потврдено дека играат една од најважните улоги низ траекторијата на животот.

Цинк и Селен учествуваат во синтеза на протеини и ензими, металтионин и глутеин пероксид кои се директно поврзани со антиоксидативната активност.

Ова е доста важно за да се заштитат клетките на нашето тело од оксидативната штетна акција и да се успори процесот на стареење. Селенот исто така, влијае на плодноста кај мажите стимулирајќи спрематогенеза и е од суштинско значење за здравјето на простатата.

Дополнително има имуностимулативно дејство, што е исклучително важно за зајакнување на имуниот систем. Учествува во производството на активни тироидни хормони, неопходен е за правилен раст на косата и ноктите, ја стимулира детоксикацијата од организмот со забрзување на елиминацијата на тешките метали.

Цинкот пак од своја страна е одговорен за одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем (имуномодулаторно дејство), учевствува во метаболизмот на Витаминот А и на тој начин влијае за нормален вид, учествува во делба на клетки, одржување на киселинско-базна рамнотежа, што е доста битно за заштита од прогрес на тумори.

Прудуктите кои во својот состав содржат препорачани дози на Цинк и Селен се препорачливи особено кај лица кои не внесуваат доволно со исхараната. Освен тоа погодно е и да содржат и витамини со што би се надополниле дневните потреби на организмот.

Витамините А, Б, Ц, Е се клучни за здравјето. Сите заедно делуваат за максимално зајакнување на имунитетот и одржување на балансот во сите процеси.

Повеќе информации за Omnikum Zinc & Selenium тука 

Купете во Aптеки PlusPharma

Здравјето заслужува повеќе!

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *