Бројот на луѓе на кои им е дијагностициран дијабетес мелитус и неговите компликации значително се зголемува ширум светот, што доведува до светска епидемија која ги опфаќа сите возрасни групи, од деца до постари возрасни лица. Патофизиолошки, дел од компликациите кај оваа болест се поврзани со промени во микроваскулатурата. Такви се дијабетичната ретинопатија и дијабетичната невропатија.
Дјабетичната невропатијата е најчеста компликација на дијабетес.
Се карактеризира со болка и чувство на печење во стапалата и рацете. Сè уште се смета дека е релативно рефракторна на повеќето достапни третмани и лекови. Постои општ консензус дека строгата контрола на гликемијата може да го намали ризикот од развој на периферна невропатија, што сугерира дека превенцијата на дијабетична невропатија останува најдобрата стратегија.
Така, раната дијагноза на дијабетична невропатија, проследена со терапија со лекови во комбинација со гликемиска контрола може да биде оправдана за да се спречи барем прогресијата на дијабетичната невропатија. Сепак, идната цел во лекувањето на дијабетичната невропатија треба да биде не само спречување или одложување на болните невропатски симптоми, туку и целосно ублажување на болката и евентуално промовирање на регенерација на дегенерираните нервни влакна по почетокот на патологијата.
Меѓу новите супстанции кои се многу ефикасни против невропатска болка, канабиноидите се ветувачки аналгетик.
Канабидиолот (CBD) е еден од главните фитоканабиноиди добиени од растението Cannabis sativa L. Ефективноста на CBD за дијабетес е ограничена на намалување на инфламаторните процеси, оксидативниот стрес и ублажување на анксиозноста. CBD е испитувана, главно кај животински модели, за нејзината способност да помогне во лекувањето на дијабетес.
Теоретизирано е дека канабисот има потенцијлни ефекти врз хипергликемијата преку неговите антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Ендоканабиноидниот систем го модулира внесот на храна и енергетската хомеостаза преку активирање на канабиноидните рецептори. Модулацијата на овие рецептори со CBD има можност да ја намали телесната тежина и A1C кај луѓето со дијабетес.
CBD обезбедува витални медицински и терапевтски придобивки без да предизвика психоактивни ефекти (за разлика од THC), тој е нетоксичен, моќен додаток во исхраната и кога се користи правилно, може да биде одличен додаток покрај стандардната терапија при широк спектар на акутни и хронични проблеми со здравјето во кои спаѓа и diabetes mellitus.