Летните месеци со себе носат патувања и убави моменти. Иако ова звучи доста примамливо за повеќето од нас, има и луѓе што ги асоцира на еден од нивните главни проблеми при патување, а тоа е гадењето и повраќањето т.н travelling sickness – патувачки мачнини.

Овие ситуации бараат земање на лекови чиј несакан ефект е најчесто сонливост при самиот пат, а истиот се пролонгира и по пристигање на дестинацијата.

Решението се крие во CBD маслото. Користењето на маслото во летните месеци непосредно пред почетокот на патот докажано ги намалува мачнините, а од друга страна не предизвикува приспивен ефект.

Ова е безбедна алтернатива дури и за возачите на превозното средство. Уште една предност е што ефектот настанува и по земање на мали дози на маслото.

Дејството се базира на врзување на серотонински 5-HT1A авторецептори и CB1 рецептори, како составен дел од ендоканабиноидниот систем- физичка и емоционална врска помеѓу мозокот и гастроинтестиналниот тракт. На овој начин се намалува моталитетот (придвиживањето) во целиот гастроинтестинален тракт, а со тоа и нагонот на повраќање.

Со цел да се подобри ефектот на CBD маслото, може да се користат и ладни напитоци кои содржат нане, камилица, маточина и особено ѓумбир. Оваа хербална комбинација го олеснува нагонот на повраќање и овозможува хидратација во текот на патувањето.

Според повеќе студии, CBD маслото има ист ефект како и другите хемиски лекови кои се користат против повраќање и тоа не само кај повраќање предивизикано од патување, туку и после хемотерапија, мигрена проследена со повраќање, па дури и повраќање поврзано со утрински мамурлук.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *