Доколку не знаете, Витаминот Ц е есенцијален витамин.

Есенцијален е секој витамин кој што организмот не може да го синтетизира и при тоа мора да се внесува преку храната или нејзините додатоци, за да се задоволат дневните потреби од истиот. Од друга страна витамин Ц е хидросолубилен витамин и при неговото внесување скоро е невозможно да се предозирате, бидејќи вишокот се ифрла од организмот преку урината.

Најголем извор на витамин Ц се овошја и зеленчуци, но мора да се напомене дека витаминот Ц е термонестабилен, па при висока температура се разложува, а во најголем дел изворната храна богата со витамин Ц се внесува преработена.

Првиот бенефит од секојдневната употреба на витамин Ц се однесува на заштита од хронични заболувања. Како јак антиоксидант има способност да ги врзе штетините радикали во организмот. Штетните радикали се молекули кои се ослободуваат секојдневно од најразлични причини и имаат моќ да ги разорат здравите клетки. Затоа нивната активност може да се намали преку употреба на антиоксидантите, меѓу кои е и витамин Ц. На тој начин се намалува можноста од појава на хронични заболувања.

Витамин Ц помага во регулација на крвниот притисок.

Висок крвен притисок е една најчестите заболувања. При висок крвен притисок доаѓа до оштетување на срцето, а тоа може да доведе и до смрт. Студиите покажуваат дека витамин Ц може да помегне во регулација на висок крвен притисок.

Студија направена кај животни покажува дека употребата на Витамин Ц суплементи врши релаксација на крвните садови кои ја носат крвта од срцето, со што се овозможува редукција на притисокот во истите.

Исто така во направена студија кај луѓе се забележува дека секојдневниот внес на витамин Ц овозможува намалување на систолниот и дијастолниот притисок, кај здрави.

Повеќе информации заOmnikum Vitamin C 1000mg тука 

Купете во Aптеки PlusPharma

Здравјето заслужува повеќе!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *