L-триптофан е есенцијална амино киселина и е дел од процесот на создавање серотонин – хормон на среќа. Оваа амино киселина е уникатна поради фактот дека може да ја помине крвно-мозочната бариера и во мозокот да биде претворена во серотонин.
Овој невротрансмитер не е одоговрен само за чувството на среќа, туку и за регулација на апетитот и сонот. Ниски нивоа на серотонин водат до депресија, несоница и анксиозност.
Сумиран извештај, од 17 студии објавени во Американското списание за клиничка нутриција, пријавува значително подобрување на симптомите на депресија и анксиозност кај пациенти кои се соочувале со овие нарушувања.
Исто така, студија објавена во медицинското списание за афективни нарушувања, бележи подобрен квалитет на сон и намалени симптоми на депресија кај пациенти со инсомнија, откако била започната суплементација со L- триптофан.
Иако ова е малку познато, L-триптофанот не е само прекурсор на серотонин, туку и на мелатонин и ниацин (витамин B 3).
На овој начин му помага на организмот преку
- антиоксидантна поддршка
- регулација на сон и циркадијален ритам
- во борба против воспаленијата
- целосна регенерација и детокс
За оваа тема ќе имате можност да прочитате во нашиот следен блог текст.
Како да го подобрите нивото на Серотонин?Eден од најчестите совети кои ќе го слушнете е да внесувате храна богата со триптофан.
Тоа подразбира:
- банани
- јајца
- риба (туна)
- сирење
- семки (сончоглед, тиква)
- овес
- киви
- мисиркино месо
- бадеми
Но не е доволно да се придржувате само на овој режим. Покрај квалитетните нутритивни извори вклучете:
- вежбање
- изложеност на сонце
- оптимален сон
- позитивна визуелизација
- суплементи како што се : омега масни киселини, магнезиум, цинк, витамин D и витамин B6
- суплементи кои содржат Tryptophan, особено ако е во комбинација со гореневедените суплементи.
Интересен факт: Претворањето на триптофанот до серотонин е посредувано од присуството на витамин B6 и B3. Комбинациите на L-Триптофан со овие витамини и Магнезиум дополнтелно го зајакнуваат ефектот.
Дополнителен совет: Земете го вашиот суплемент кој содржи L-триптофан на 2 часа растојание од оброк богат со протеини. На овој начин оваа амино киселина ќе се искористи подобро, во спортивно ќе си пречи со другите аминокиселини од внесените протеини.
Предлог: Направете го вашиот тренинг, подогответе си високо протеински оброк и по истиот почекајте 2 h за да го земете вашиот суплемент.