L-триптофан е есенцијална амино киселина и е дел од процесот на создавање серотонин – хормон на среќа. Оваа амино киселина е уникатна поради фактот дека може да ја помине крвно-мозочната бариера и во мозокот да биде претворена во серотонин.

Овој невротрансмитер не е одоговрен само за чувството на среќа, туку и за регулација на апетитот и сонот. Ниски нивоа на серотонин водат до депресија, несоница и анксиозност.

Сумиран извештај, од 17 студии објавени во Американското списание за клиничка нутриција, пријавува значително подобрување на симптомите на депресија и анксиозност кај пациенти кои се соочувале со овие нарушувања.

Исто така, студија објавена во медицинското списание за афективни нарушувања, бележи подобрен квалитет на сон и намалени симптоми на депресија кај пациенти со инсомнија, откако била започната суплементација со L- триптофан.

Иако ова е малку познато, L-триптофанот не е само прекурсор на серотонин, туку и на мелатонин и ниацин (витамин B 3).

На овој начин му помага на организмот преку

  • антиоксидантна поддршка
  • регулација на сон и циркадијален ритам
  • во борба против воспаленијата
  • целосна регенерација и детокс

За оваа тема ќе имате можност да прочитате во нашиот следен блог текст.

tabela

Magnesium

табелата

Како да го подобрите нивото на Серотонин?Eден од најчестите совети кои ќе го слушнете е да внесувате храна богата со триптофан.

Тоа подразбира:

  • банани
  • јајца
  • риба (туна)
  • сирење
  • семки (сончоглед, тиква)
  • овес
  • киви
  • мисиркино месо
  • бадеми

Но не е доволно да се придржувате само на овој режим. Покрај квалитетните нутритивни извори вклучете:

  • вежбање
  • изложеност на сонце
  • оптимален сон
  • позитивна визуелизација
  • суплементи како што се : омега масни киселини, магнезиум, цинк, витамин D и витамин B6
  •  суплементи кои содржат Tryptophan, особено ако е во комбинација со гореневедените суплементи.

Интересен факт: Претворањето на триптофанот до серотонин е посредувано од присуството на витамин B6 и B3. Комбинациите на L-Триптофан со овие витамини и Магнезиум дополнтелно го зајакнуваат ефектот.

Дополнителен совет: Земете го вашиот суплемент кој содржи L-триптофан на 2 часа растојание од оброк богат со протеини. На овој начин оваа амино киселина ќе се искористи подобро, во спортивно ќе си пречи со другите аминокиселини од внесените протеини.

Предлог: Направете го вашиот тренинг, подогответе си високо протеински оброк и по истиот почекајте 2 h за да го земете вашиот суплемент.

др фатма

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *